Летните детски лудории завршуваат со доаѓањето на септември, месецот кој е најпознат по враќањето во уличишните клупи. Време е за нова училишна година, во која децата ќе се сретнат со нови предизвици и совладување нови знаења. А, предизвици има и за родителите во нивната мисија да ги обезбедат своите најмили со училишен прибор потребен за успешно учење.

Под училишен прибор, мислиме на прибор и алатки со кои материјалот полесно ќе се совлада, а учењето ќе биде поефикасно. Од молив, до линијар и боици за цртање, секое дете треба да биде комплетно опремно за да има успешна година на училиште и резултати со кои родителите ќе се гордеат.

Со таа цел, ние подготвивме повеќе различни пакети од квалитетен училишен прибор и опрема за ученици од сите возрасти за секакви потреби.

Прибор за пишување

Молив со гума HB

Најосновниот училишен прибор кој мора да го поседува секое дете-ученик секако е моливот. Со него се почнува уште од самиот почеток. Учење како се пишуваат буквите и бројките или составување на првата реченица, било да е ракописно или печатно.

Затоа е потребно секое дете да поседува квалитетен молив како што е дрвениот молив со гума HB. Изработен е од цврсто дрво што не дозволува лесно кршење, додека пак гумата овозможува бришење без да остава траги на листовите. Воедно, овој молив е многу лесен за користење и е удобен во рака поради триангуларниот облик.

Нарачај веднаш – Молив со гума HB

Хемиско Пенкало S-Cool

Ако моливот е најосновен прибор, тогаш пенкалото е на второ место бидејќи е дел од училишниот прибо во текот на целото образование на едно дете. Најчесто се користи кога децата се веќе посигурни во своето пишување и прават помалку грешки, но за да бидат успешни на часови потребно е пенкалото да биде повеќе од обично.

Хемиското пенкало S-Cool е привлечно за сите деца токму поради ергономскиот облик и мекиот гумиран грип со што пишувањето е максимално олеснето, а воедно е удобно за користење.

Нарачај веднаш – Хемиско Пенкало S-Cool

Перманентни маркери

Маркерите секогаш се добредојдени како корисни алатки. Најчесто се користат за организирано пишување, подвлекување важни дефиниции, означување на задачи итн.

Ако маркерот е повеќенаменски, замислете го со два врва со дебел врв на едниот крај и тенок на другиот. Таков е перманентниот маркер на Offishop, наменет за двојно повеќе употреба и прецизно бележење.

Нарачај веднаш – Перманентен маркер Offishop

Прибор за математика

Линијар

Геометриски линијар е во склоп со примарниот прибор и со него почнува запознавањето со геометријата. Децата најдобро ќе цртаат прави линии и ќе бараат агли само доколку линијарот е квалитетен и цврст каков што е S-Cool. Изработен е од врвен ПВЦ материјал и гарантира долготрајна употреба.

Нарачај веднаш – Линијар 30cm S-Cool

Линијар мултишаблон

Со мултишаблонскиот линијар започнува вистинската забава. Цртање разни геометриски облици помага при развивањето на логиката кај децата кога во прашање се геометриските задачи.

Изработен од цврст ПВЦ материјал, нашиот мултишаблонски линијар гарантира лесно учење.

Нарачај веднаш – Линијар Мултишаблон S-Cool

Шестар 

Шестарот е неопходно средство првично за геометрија, а понатаму го користат архитекти и дизајнери. Па доколку вашето дете сонува за една од овие професии, потребен му е високо квалитетен шестар.

Шестарот Future II S-Cool е изработен од нерѓосувачки челик, со модерен дизајн и е лесен за употреба, воедно дава сигурност при употреба.

Нарачај веднаш – Шестар Future II S-Cool

Прибор за ликовно

Боици и бои

Креативното изразување и будењето на уметникот кај вашето дете е лесна задача доколку се користи правилниот прибор. Децата на училиште учат да цртаат користејќи дрвени боици, водени и темперни бои.

Дрвените боици S-Cool Flexy се изработени од цврсто дрво, додека мината не дозволува лесно кршење. Лесно се острат без да се оштетат, додека нанесувањето на боите е лесно бидејќи не е потребен напор за да се забележи на хартијата.

Нарачај веднаш – Дрвени боици S-Cool Flexy

Кај водените бои најважно е брзо да се сушат при нанесување и да не се разлеваат врз хартијата. Водените бои на TOZ се со квалитетен пигмент и оставаат живописен траг, воедно се безбедни за користење бидејќи не содржат токсични хемикалии.

Нарачај веднаш – Водени бои TOZ

Со темперните бои веќе се стапува кон ново ниво на цртање и боење. За првокласни цртежи потребно е боите да се со висок квалитет, да бидат интензивни и воедно лесно да се мешаат за добивање нови нијанси.

Такви се темперните бои S-Cool кои се отпорни на светлина и лесно се нанесуваат на површината.

Нарачај веднаш – Темперни бои S-Cool

Блокови и четки

Залудни се боите доколку немате на што да ги нанесувате. Но, не грижете се, ќе ви помогнеме да составите комплетен сет заедно со блокови и четки прилагодени според одделенијата.

Имаме блокови адаптирани според степенот на образование и возраста на учениците. Блоковите на Графотекс се од високо квалитетна акварел хартија на која боите совршено се нанесуваат.

Нарачај веднаш – Блок 5 Графотекс

Постојат два типа на четки наменети за водени и темперни бои. И во двата сета следуваат различни големини и дебелини на влакната приспособени за специфично цртање и боење.

Четките за водени бои на Pelikan се изработени од првокласно синтетичко влакно што гарантира долготрајна употреба.

Нарачај веднаш – Четки за водени бои Pelikan

Обичните четки за темперни бои често знаат да се уништат по само неколку користења, односно влакната да паднат, но тоа нема да се случи со четките на Pelikan.

Високо квалитетни синтетичките влакна совршено ја разлеваат бојата на хартијата, а воедно се многу лесни за чистење. Создадени се за долготрајна употреба, а следуваат во различни големи.

Нарачај веднаш – Четки за темперни бои Pelikan

Не само што ќе им направите услуга на вашите најмили да бидат комплетно подготвени за интензивните девет месеци кои им претстојат на училиште, туку и вие како родител во овие модерни и брзи времиња ќе заштедите пари и што е многу поважно – време за набавка на сите тие т.н. училишни инструменти.

Затоа што најважно е вашето дете да безгрижно да го развива своето знаење и да напредува во градењето на одговорна личност за во иднина.