Back To Top Button
ДЕН НА РАКОПИСОТ

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА РАКОПИСОТ – 23 ЈАНУАРИ

Денеска е интернационален ден на ракописот – 23 Јануари

ИСТОРИЈАТА НА РАКОПИСОТ

Ракописот е вистинска форма на уметност и еден од ретките начини на кои можеме да ја искажеме нашата индивидуалност. Посебно е чувството во моментот кога го земате вашето омилено пенкало и гледате како мислите и идеите кои ги имате со помош на вашиот уникатен ракопис се преточуваат на листот хартија пред вас.

Според историчарите ракописот бил измислен во 3400 година пред нашата ера во Месопотамија каде што прво почнало да се пишува на плочки од глина. Потоа ракописното пишувашње се проширило во Египет и Рим, а понатаму и низ цела Европа.

Добриот ракопис претставувавл знак на висок статус, а кралските фамилии биле единствените кои биле учени да пишуваат точно.

РАКОПИСОТ И ТЕХНОЛОГИЈАТА

Националниот ден на ракописот не поттикнува да го ставиме пенкалото на хартијата и да ги запишеме нашите мисли, идеи и планови. Според здружението на производители на инструменти за пишување тоа е одлична можност сите да се навратат во минатотот и да ја истражат моќта на ракописот.

Иако технологијата го забрзува процесот и ја прави комуникацијата поефикасна на светско ниво, има нешто посебно и во пишанот збор. Било тоа да е пишување дневник, запишување идеи, планови, дури и пишување на писмо на некого, самиот акт на пишувањето со пенкало на лист е одлична пракса за нашиот ум. Го поттикнува нашето тело и ум да забават и повторно да се синхронизираат. Пишувањето со рака е како земање длабок здив, помешаните мисли мора да се средат пред да се преточат на хартијата. Средувањето на мислите претставува еден вид вежба за релаксација за нашот ум.

А за пишувачкото искуство да биде неколкукратно подобро, ние ви ги препорачуваме пенкалата од програмата на Pelikan. (видете ги со клик тука)

Затоа ве охрабруваме да го земете вашето омилено Pelikan пенкало и да почнете да го вежбате вашиот ракопис. Еве неколку идеи како:

  • Почнете дневник
  • Пратете некое лично писмо до ваш пријател или роднина во странство
  • Направете to-do листа
  • Земете мемо ливче и оставете му рачно напишан комплимент на вашиот омилен колега
  • Напишете кратка приказна или поема

*Сите права се задржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот

Поврзани написи

Post Image

Запознајте се со вашите нови СМАРТ ТЕТРАТКИ

Lipa Mill во соработка со Графотекс на пазарот воведува нови иновативни СМАРТ ТЕТРАТКИ со мобилна апликација SmartLines која е спeцијално изработена за на учениците да им помогне да се прилагодат на новиот начин на учење на далечина и да го направат попродуктивен. Оваа апликација функционира само со посебните смарт маркери...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

ТОП 5 ПОДАРОЦИ ЗА ВАШИТЕ КЛИЕНТИ И СОРАБОTНИЦИ

Како најдобро да им покажете на вашите деловни клиенти, партнери или соработници дека претставуваат важен дел од вашиот бизнис?  Се разбира, тоа е преку градење на соработката и придонесување кон нивниот успех – но секако, да не заборавиме дека и подароците играат важна улога, и преку добар подарок  можете да...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

МОЌТА НА ПИШАНИОТ ЗБОР: ПЕНКАЛОТО И ХАРТИЈАТА ВО ДИГИТАЛНАТА ЕРА

Живееме во ера на брз технолошки развој во која дигитална комуникација и дигиталните алатки доминираат, и речиси сите активности и обврски колку што можеме повеќе да ги извршуваме со помош на паметен уред или компјутер. Иако дигиталните уреди ги доминираат нашите секојдневни животи, користењето на пенкало и хартија како традиционални...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »