Графотекс ДОО Скопје почнува да работи во 1993 година. Уште од самите почетоци па се до денес ние се обидуваме да ги следиме и разбереме потребите на нашите купувачи и со нашата разновидна понуда секогаш да ги задоволиме нивните барања и потреби. Високиот квалитет и високата професионалност се нашите основни принципи на работа кои не водат до крајната цел – задоволните клиенти, кои пак повеќе од 27 години ни ја укажуваат нивната доверба.
Нашата разновида понуда вклучува секаков вид на канцелариски и школски прибор, тонери, ексклузивни пенкала, гифт програма, компјутерска галантерија, уметнички и промо материјали од најпознатите светски брендови.
Графотекс е увозник и дистрибутер на брендовите: Pelikan, Porsche DesignⓇ, Pelikan FWI, Herlitz, Media Range (Германија) Casio (Јапонија), Mar Mar – Lipa Mill (Хрватска), NBK, Vintec, Bigz (Србија), GPV (Романија), Tekiner Group (Турција), ReTech (Кина), Tony Perotti (Италија), DisneyⓇ (Спрее, Бугарија) чии производи се сметаат за водечки во областа на школските и канцелариските материјали ширум светот.
Како доказ за својот квалитет и грижа за околината и животната средина веќе години наназад сме горди сопственици на два различни сертификати: ISO9001 (сертификат за квалитет) и ISO14001 (сертификат за заштита на животната средина).
Графотекс е редовен учесник на различни саеми ширум Европа каде ги прати сите светските трендови и се обидува секоја година да донесе нешто ново и различно на пазарот во Македонија.
Сето ова го издвојува Графотекс како лидер во областа на канцелариските и школските материјали на територијата на Македонија.
*Сите права се задржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот.
Контакт

ДИРЕКЦИЈА
ул. Јуриј Гагарин 55, 1000 Скопје
телефон: 02 3081 108
e-mail: info@grafoteks.com.mk

МАГАЦИН
ул. Благоја Стефковски бр.8, 1000 Скопје
телефон: 02 2580 866 / 070 336 288
e-mail: goran@grafoteks.com.mk
senimir@gmail.com

ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО
телефон: 071 289 667
e-mail: saska@grafoteks.com.mk
vale@grafoteks.com.mk