Back To Top Button

Детски Читанки – Сет 1

580 ден

Сет читанки за деца: 

во сетот влегуваат: Ај погоди! – дополнувалки, Што е, што не е – гатанки

Број на страни: 192 + 168
Димензии: 140х200
Корица: мека
 
“Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни – читајте им бајки, ако сакате да бидат уште поинтелигентни – читајте им повеќе.”  – Алберт Ајнштајн
 
Детските книги, читанки и сликовниците се забавни и поучни приказни полни со убави илустрации и претставуваат одлична забава и иделана можност за дружба помеѓу децата и родителите. Приказните во овие читанки ќе ја разбудат фантазијата и љубопитноста на секое дете кое со возбуда ќе сака да ги прераскажува повторно и повторно.

Ај погоди :

Оваа поетска збирка на познатиот автор за деца Васил Мукаетов е составена од 95 песни-дополнувалки. Во неа децата-читатели се активни соработници, бидејќи тие самите треба да ги допишат одговорите на гатанките скриени низ стиховите. 

Па, на работаПотребни ви се само наострено моливче и размислување.

Што е, што не е:

Нашиот најголем собирач и запишувач на народното творештво, Марко К. Цепенков, собрал и запишал илјадници гатанки, поговорки, приказни и разни народни мудрости. Дел од тие гатанки се поместени токму во оваа книга. Во книгава децата-читатели ќе бидат активни соработници, бидејќи тие самите треба да ги допишат одговорите на стихуваните гатанки, кои ги има точно 99 на број!

 

Видете ја нашата понуда од сетови со попуст со клик тука !

Во нашата онлајн книжара можете да најдете боенки за деца, сликовници за деца, литература и книжевност за деца, како и останати едукативни забавни игри прилагодени за соодветната возраст кои на децата им помагаат да ги развиваат својата креативност и имагинација.