Back To Top Button

Детски Класици – Сет 5

510 ден

Сет детски класици: 

– во сетот влегуваат: Повикот на дивината, Книга за Џунглата

Број на страни: 128 + 232
Димензии: 140х200
Корица: мека
 

Повикот на дивината:

Половина бернардинец, половина шкотски овчар, Бак е украден од дома и продаден на трговец со кучиња. Наскоро се наоѓа на брод што патува за Канада,во екот на златната грозница. Инстинктите на Бак почнуваат да се будат додека работи во поштенска запрега и е принуден да се бори за опстанок.

Книга за Џунглата:

Могли е посвоен од глутница волци, соработува со големиот питон Каа, се бори со мајмуните и страшниот куц тигар Шир-Кан и попатно го учи Законот на џунглата од своите ментори – стариот и мудар мечок Балу и итриот црн пантер Багира. Но, Могли не е единствениот лик во „Книга за џунглата“.  Во многубројните раскази можеме да ги прочитаме и приказните на мунгосот Рики-тики-тави, белиот морски лав Котик, Тумај-слоноводачот и воената бригада сочинета од камили, мазги, биволи, коњи и слонови, кои ги раскажуваат сопствените воени приказни. „Книга за џунглата“ и денес го буди интересот како на децата, така и на возрасните читатели, затоа што е вистински пример за мајсторски остварено книжевно дело.

 


Во нашата онлајн книжара можете да најдете боенки за деца, сликовници за деца, литература и книжевност за деца, како и останати едукативни забавни игри прилагодени за соодветната возраст кои на децата им помагаат да ги развиваат својата креативност и имагинација.