Смарт тетратките на Липа Мил добиваат СМАРТ АСИСТЕНТ

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НОВИОТ SMART LINES

По успехот со нашата Smart Lines апликација, решивме да одиме чекор подалеку и да развиеме уште еден поиновативен систем. Smart Lines не е само скенер, планер или распоред за часови – тој е се ова и многу повеќе!

Новата Smart Lines апликација е вашиот нов уникатен школскски асистент што ги спојува вашите Lipa Mill тетратки со ексклузивна апликација која на учениците, наставниците и родителите им нуди помош при спремањето и подготвувањето на тестовите и домашните задачи.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА И ШТО ПРЕТСТАВУВА ?

Smart Lines е апликација е направена за да им помогне на самите ученици, но и на наставниците и родителите во секојдневните училишни обврски на децата. Направена е да биде многу лесна и едноставна за користење за луѓето од сите возрасти и достапна е на преку 20 јазици, меѓу кои и македонски и албански. Самата тетратка има планер и распоред кои треба да бидат пополнети и потоа скенирани со апликацијата која сама ќе направи дигитална верзија на овие алатки. Ова значи дека учениците автоматски ќе го имаат планот и распоредот во нивните смартфони и ќе добиваат потсетници и известувања дека имаат испрашување, тест или домашна задача на одреден датум. Исто така можат се ова да го споделат и со другите ученици, родителите или наставниците.

КАКО РАБОТИ ?
  1. Апликацијата се симнува преку QR кодот што го има на секоја тетратка или пак може да се симне од Google Play, App Store или Huawei AppGallery.
  2. . Планерот и распоредот се пополнуваат со кодови од 3 букви дадени во самата тетратка.
  3. Со апликацијата се скенира планерот за помалку од 5 секунди
  4. Самата апликација автоматски ви испраќа известувања и потсетници за секоја задача што треба да ја завршите
БЕНЕФИТИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ
  • Суптино ги спојува модерната технологија на која се навикнати и училишните задачи преку апликација која многу лесно и брзо да се користи.
  • Ги учи децата како да бидат организирани на многу едноставен начин. Домашните, испрашувањата и тестовите веќе не можат да бидат заборавени.
  • Поттикнува пријателско однесување меѓу учениците. Децата на многу лесен начин можат да им помогнат на соучениците кои поради некоја причина отсуствувале од часови за да не пропуштат ништо од наставата
БЕНЕФИТИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ
  • Им дозволува на наставниците лесно и брзо да ги споделат забешките и најбитните поенти од часот со целиот клас или пак со поединци.
  • Можат да креираат посебна Viber или WhatsApp група каде ќе ги споделуваат сите овие работи кои пак учениците лесно ќе можат да си ги преземат.
БЕНЕФИТИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ
  • На родителите навремено им стигнуваат известувања за задачите кои ги очекуваат нивните деца. Помагањето на децата околу нивните училишни задачи никогаш не било полесно.
  • Целосен извештај за обврските на децата со само еден клик.
  • Следење на распоредот и обврските на децата сега е поедноставно од било кога.

ВИДИ ГИ СИТЕ КОЛЕКЦИИ СМАРТ ТЕТРАТКИ ТУКА

СИМНИ ЈА АПЛИКАЦИЈАТА ТУКА

*Сите права се задржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот

1 thought on “Смарт тетратките на Липа Мил добиваат СМАРТ АСИСТЕНТ”

Leave a Comment

Your email address will not be published.

Shopping Cart
Scroll to Top