Back To Top Button

Графотекс на Paperworld во Франфуркт

Графотекс во периодот од 25.01 – 28.01 присуствуваше на најголемиот саем за школски и канцелариски материјали во cветот – Paperworld 2020, кој се одржува секој Јануари во Франкфурт, Германија. Саемот традиционално се одржува во најдолемиот егзибициски центар во светот – Frankfurt Messe кој се простира на површина од 367,000 m² хали за изложба и презентација како и дополнителен слободен простор од 96,000 m².

Овој саем, најголемите светски компании го користат за да ги претстават своите најнови колекции и производи за новата сезона. Нашите партнери Pelikan, Mar Mar – Lipa Mill, S-Cool, OffiShop, Plassy (Disney), Media Range, Retech и оваа година беа дел од (земаа учество на) овој саем и на своите презентациони штандови го претставија се она што ќе биде ново и актелно следната сезона. Графотекс, како нивен официјален увозник и дистрибутер во наредниот период ќе ги донесе и претстави сите овие новитети на пазарот во Македонија. Тие за кратко време ќе бидат достапни и на нашиот веб сајт.

*Сите права се задржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот.

Поврзани написи

Post Image

Опреми се Фул за Back to School! Каков Ранец му е Потребно на Вашето Дете за Новата Училишна Година – Прв Дел

Последните денови од август ја носат со себе еуфоријата за крај на уште еден летен распуст, а со тоа и најавата за нова училишна година. Учебници, тетратки, прибор, се работите на кои секој родител посветува доста внимание и се труди да ги обезбеди навремено за своето дете безгрижно да се...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

Од молив до линијар – Што сѐ им е потребно на децата за успешна училишна година

Летните детски лудории завршуваат со доаѓањето на септември, месецот кој е најпознат по враќањето во уличишните клупи. Време е за нова училишна година, во која децата ќе се сретнат со нови предизвици и совладување нови знаења, а предизвици има и за родителите во нивната мисија да ги обезбедат своите најмили...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

Подарок за 8 ми март, надминете ги нејзините очекувања

Подарок за 8 ми март, надминете ги нејзините очекувања 8 ми март е празник кој се слави во целиот свет, тоа е интернационалниот ден на жената во кој се слави женската моќ и придонесот на жената во општеството. Ова е празник кога сакаме да им покажеме на дамите во нашите...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »