Последните денови од август ја носат со себе еуфоријата за крај на уште еден летен распуст, а со тоа и најавата за нова училишна година. Учебници, тетратки, прибор, се работите на кои секој родител посветува доста внимание и се труди да ги обезбеди навремено за своето дете безгрижно да се врати во училишните клупи, подготвено да впива нови знаења. Покрај горенаведените главни елементи неопходни за секој ученик, многу е важно родителот да обезбеди квалитетен училишен ранец за своето дете. Речиси да нема родител кој не трагал со денови по идеалниот училишен ранец имајќи ги на ум најважните карактеристики, како: носивост, квалитет на материјал, удобност и издржливост.
Имајќи ги овие работи предвид, може да се каже дека ранецот е најважната алатка, бидејќи се користи секојдневно во и надвор од училишни активности. Нашата цел е да им помогнеме на родителите да ги избегнат потенцијалните проблеми во избирање вистинскиот ранец кој не само што неговото дете ќе го употребува подолг период, туку и ќе помогне во важната битка со потенцијални болки во грбот и негово несакано искривување.
Затоа, ја препорачуваме нашата нова линија на училишни ранци – Coolpack.
Нарачај: Coolpack Base – Darker Knight
Нарачај: Coolpack Basic Plus – Fossil
За Брендот – CoolPack
CoolPack е брендот на едни од најбараните ранци на пазарот. Брендот е гаранција за материјали со премиум квалитет, со најмодерни и уникатни дизајни кои ги сакаат не само децата, туку и возрасните.
Coolpack како бренд, нуди огромен избор на производи и колекции како за децата, тинејџерите, студентите, така и за повозрасните, преку својата бизнис колекција на торби, чанти и лаптоп ранци.
Удобност и квалитет
Вашето дете повеќе нема да се жали од болки во грбот, благодарение на специјално дизајнираната мека поддршка на задниот дел од ранецот. Ергономскиот грб гарантира правилно држење на телото во секој момент и нуди удобност при носењето.

Coolpack ранците се изработени од исклучително лесни материјали. Така се намалува тежината со која секое дете се справува додека оди на училиште носејќи ги тешките и дебели книги. Се добива чувство на стабилност при движењето.
Нарачај: Coolpack Basic Plus – Lady Color
Нарачај: Coolpack Joy – Toucans
Не треба да се занемарат и останатите важни карактеристики на еден квалитетен ранец.
Иако лесен, цврстиот материјал и зајакнатата подлога на долниот дел спречува лесно оштетување. Тоа значи дека ранецот е подготвен да ги издржи сите предизвици од кинење.
Водоотпорноста е уште една карактеристика кај Coolpack ранецот. Тоа значи збогум на изводенети книги и оштетени тетратки во случај на дождови и снежни денови.
Нарачај: Coolpack Jerry – Adventure park
Нарачај: Coolpack Jerry – Catch me
Организација
Што се однесува до распоредување на книгите и приборот, Coolpack ранците нудат широка пространост и прегради од секаков тип. Две големи прегради во внатрешниот дел, посебно дизајнирани за книги и тетратки. Има и предел за преносен компјутер, кој сѐ почесто се појавува како алатка за училишните активности.
Внатрешниот дел исто така нуди прегради за секој прибор да биде точно распореден и секогаш да е на дофат. Ова овозможува чувство на организираност. Тука е и длабокиот преден џеб, за безбедно складирање на личните предмети како телефон, клучеви, па дури и на ужинката.

Да не го заборавиме и страничниот џеб наменет за шише вода, кое ќе му биде на дофат на секое дете.
Нарачај: Coolpack Jerry – Football 2T
Нарачај: Coolpack Joy – Happy Donuts
Уникатен стил

Вашето дете ќе ужива во огромниот избор на уникатни и модерни дизајни, направени токму по нивната раскошна имагинација. Било да се гејмери, спортски фанатици или аватуристи, Coolpack располага со секакви креативни дизајни кои децата ќе ги обожуваат.
Штом заклучивме дека треба да се обезбеди квалитетен училишен ранец за децата, останува на вас родителите да го направите вистинскиот избор и да се снабдите со еден од Coolpack ранците што ги нудиме во нашата широка палета, токму во овој период.
Со Coolpack, вие на вашето дете му подарувате многу повеќе од само кул ранец со кој ќе се истакнува.