Back To Top Button

Смарт тетратки на Липа Мил со СМАРТ АСИСТЕНТ

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НОВИОТ SMART LINES

По успехот со нашата Smart Lines апликација, решивме да одиме чекор подалеку и да развиеме уште еден поиновативен систем. Ова не е само скенер, планер или распоред за часови – тој е се ова и многу повеќе!

Новата Smart Lines апликација е вашиот нов уникатен школскски асистент. Тој ги спојува вашите Lipa Mill тетратки со ексклузивна апликација.  Таа апликација на учениците, наставниците и родителите им нуди помош при спремањето и подготвувањето на тестовите и домашните задачи.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА И ШТО ПРЕТСТАВУВА ?

Smart Lines е апликација направена за да им помогне на самите ученици, но и на наставниците и родителите во секојдневните училишни обврски на децата. Направена е да биде многу лесна и едноставна за користење за луѓето од сите возрасти и достапна е на преку 20 јазици, меѓу кои и македонски и албански. Самата тетратка има планер и распоред кои треба да бидат пополнети и потоа скенирани со апликацијата која сама ќе направи дигитална верзија на овие алатки. 

Ова значи дека учениците автоматски ќе го имаат планот и распоредот во нивните смартфони и ќе добиваат потсетници и известувања дека имаат испрашување, тест или домашна задача на одреден датум. Исто така можат се ова да го споделат и со другите ученици, родителите или наставниците.

КАКО СЕ КОРИСТИ SMART LINES ?

Смарт Тетратки кои нудат бенефити за учениците

  • Суптино ги спојува модерната технологија на која се навикнати и училишните задачи преку апликација која многу лесно и брзо да се користи.
  • Ги учи децата како да бидат организирани на многу едноставен начин. Домашните, испрашувањата и тестовите веќе не можат да бидат заборавени.
  • Поттикнува пријателско однесување меѓу учениците. Децата на многу лесен начин можат да им помогнат на соучениците кои поради некоја причина отсуствувале од часови за да не пропуштат ништо од наставата

БЕНЕФИТИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ

  • Им дозволува на наставниците лесно и брзо да ги споделат забешките и најбитните поенти од часот со целиот клас или пак со поединци.
  • Можат да креираат посебна Viber или WhatsApp група каде ќе ги споделуваат сите овие работи кои пак учениците лесно ќе можат да си ги преземат.

БЕНЕФИТИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ

  • На родителите навремено им стигнуваат известувања за задачите кои ги очекуваат нивните деца. Помагањето на децата околу нивните училишни задачи никогаш не било полесно.
  • Целосен извештај за обврските на децата со само еден клик.
  • Следење на распоредот и обврските на децата сега е поедноставно од било кога.

ВИДИ ГИ СИТЕ КОЛЕКЦИИ СМАРТ ТЕТРАТКИ ТУКА

СИМНИ ЈА АПЛИКАЦИЈАТА ТУКА

*Сите права се задржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот

Слободно контактирајте не, Ви стоиме на располагање за сите Ваши прашања!

Поврзани написи

Post Image

ТОП 5 ПОДАРОЦИ ЗА ВАШИТЕ КЛИЕНТИ И СОРАБОTНИЦИ

Како најдобро да им покажете на вашите деловни клиенти, партнери или соработници дека претставуваат важен дел од вашиот бизнис?  Се разбира, тоа е преку градење на соработката и придонесување кон нивниот успех – но секако, да не заборавиме дека и подароците играат важна улога, и преку добар подарок  можете да...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

Донаторска хуманитарна акција на Графотекс и Веро за СОС Детско Село

Втора година по ред Графотекс и Веро во заедничка донаторска хуманитарна акција за поддршка на образованието на децата од СОС детското село! По минатогодишната успешна акција , повторно и оваа учебна година Графотекс во соработка со Веро и Џамбо маркетите, со ваша помош донира средства за поддршка на образованието на...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

Опреми се Фул за Back to School! Каков Ранец му е Потребно на Вашето Дете за Новата Училишна Година – Прв Дел

Последните денови од август ја носат со себе еуфоријата за крај на уште еден летен распуст, а со тоа и најавата за нова училишна година. Учебници, тетратки, прибор, се работите на кои секој родител посветува доста внимание и се труди да ги обезбеди навремено за своето дете безгрижно да се...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »