Back To Top Button

Донаторска хуманитарна акција на Графотекс и Веро за СОС Детско Село

Втора година по ред Графотекс и Веро во заедничка донаторска хуманитарна акција за поддршка на образованието на децата од СОС детското село!

По минатогодишната успешна акција , повторно и оваа учебна година Графотекс во соработка со Веро и Џамбо маркетите, со ваша помош донира средства за поддршка на образованието на децата без родителска грижа од СОС Детско село.

За време на акцијата која трае од 15 август до 15 септември, со купување на училишен прибор од нашите брендови – PelikanLipa Mill и S-Cool , Графотекс во ваше име донира по:

  • 1 денар за секоја купена тетратка од брендот Lipa Mill
  • 1 денар за секое купено блокче од брендот S-Cool 
  • 1 денар за секое купено парче школски прибор (дрвени бои, фломастери, водени, темперни бои …итн) од брендовите Pelikan и S-Cool 
  • 10 денари за секој купен школски несесер од брендот S-Cool

Собраните средства ќе бидат наменети за на учениците од СОС Детско село да им се овозможат подобри услови за школување и еднакви шанси за образование како на сите деца. Минатата година заеднички успеавме да им помогнеме на над 200 дечиња да имаат непречен процес на образование и затоа ве повикуваме оваа година уште помасовно да се приклучите на оваа акција.

Затоа што секое дете заслужува еднаква шанса за образование! 

*Сите права се задржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот

Поврзани написи

Post Image

Опреми се Фул за Back to School! Каков Ранец му е Потребно на Вашето Дете за Новата Училишна Година – Прв Дел

Последните денови од август ја носат со себе еуфоријата за крај на уште еден летен распуст, а со тоа и најавата за нова училишна година. Учебници, тетратки, прибор, се работите на кои секој родител посветува доста внимание и се труди да ги обезбеди навремено за своето дете безгрижно да се...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

Заштитни маски KN95 во Графотекс

Графотекс е компанија која на македонскиот пазар постои уште од 1993 година со примарна дејност увоз, големопродажба и дистрибуција на Канцелариски Материјали и Тонери од најпознатите европски и светски брендови и производители како Pelikan, Herlitz, Geha, Media Range (Германија) , CASIO (Јапонија), Retech (Кина), Tekiner Group (Турција) GPV (Романија) итн. Нашите клиенти, во кои...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

Подарок за 8 ми март, надминете ги нејзините очекувања

Подарок за 8 ми март, надминете ги нејзините очекувања 8 ми март е празник кој се слави во целиот свет, тоа е интернационалниот ден на жената во кој се слави женската моќ и придонесот на жената во општеството. Ова е празник кога сакаме да им покажеме на дамите во нашите...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »