Back To Top Button

Производите на Графотекс во суперпродавницата на Literatura.mk во Сити Мол!

Графотекс присуствуваше на отварањето на најголемата книжарница во Македонија – Literatura.mk Superstore. Новата суперпродавница која е со површина од 500 м², свечено беше отворена на 20.05.2020.

Kако долгогодишни соработници со Литература, во оваа суперпродавница ќе бидеме застапени со сиот свој училишен асортиман од брендовите PelikanМар Мар – Липа МилDisney, како и калкулаторите од брендот Casio.

ЕКСКЛУЗИВНО, Literatura.mk Superstore ќе претставува и изложбен и продажен простор на екслузивната програма и прибор за пишување на Pelikan FWI и Porsche Design.

Во архитектонски модерно дизајнираниот простор покрај богатата понуда на книги за сите генерации, застапени се повеќе содржини: школски прибор канцелариски материјал, дидактички и едукативни и изданија, но и помагала за уметност и дизајн, како и рачни изработки. Посебен акцент е ставен на гифт-програмата, во која покрај производите од добро познатиот бренд „Скрипти“ (нотеси, планери, чаши, маички, картички магнети и друго) ќе може да се најдат и луксузни подароци и дизајнерски производи за во домот и за во канцеларија.

Ова е седма книжарница на „Литература.мк“, по веќе препознатливите продажни места на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“, Градски трговски центар (ГТЦ) и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на „Широк сокак“ во Битола

*Сите права се задржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот.

Поврзани написи

Post Image

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА РАКОПИСОТ – 23 ЈАНУАРИ

Денеска е интернационален ден на ракописот – 23 Јануари ИСТОРИЈАТА НА РАКОПИСОТ Ракописот е вистинска форма на уметност и еден од ретките начини на кои можеме да ја искажеме нашата индивидуалност. Посебно е чувството во моментот кога го земате вашето омилено пенкало и гледате како мислите и идеите кои ги...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

Адекватни и квалитетни канцелариски материјали – Суштината на секој успешен бизнис

Почетниците во бизнис сферата треба да знаат една работа која најлесно може да ја научат од поискусните „играчи“ во бизнис светот, а тоа е дека за успех треба да бидат добри лидери така што ќе им обезбедат на своите вработени адекватни услови за максимална продуктивност. Под адекватни услови, покрај средина...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

Смарт тетратки на Липа Мил со СМАРТ АСИСТЕНТ

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НОВИОТ SMART LINES По успехот со нашата Smart Lines апликација, решивме да одиме чекор подалеку и да развиеме уште еден поиновативен систем. Ова не е само скенер, планер или распоред за часови – тој е се ова и многу повеќе! Новата Smart Lines апликација е вашиот нов уникатен...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »