Back To Top Button

Нашиот хаос: семеен планер

600 ден

Нашиот хаос: семеен планер

Димензии: 210х210
Корица: тврда
Страни: 156
 

Краток опис:

Почнете ја новата година со стил.

Запишете ги желбите, плановите и соништата на вашето семејство за следната година и размислете како да ги остварите. Со внесување на сите ваши состаноци, обврски, задачи и активности, како и со внимателно планирање на времето и на ресурсите, ќе можете полесно и поедноставно да се организирате и да имате вистински плодна година, вредна за спомени.

Суштински дел од овој планер е семејниот буџет. Без оглед на висината на вашите месечни приходи, многу е важно да ги планирате вашите финансии. Создавањето семеен буџет е суштината на задоволувањето на своите потреби и на надминувањето на можните финансиски тешкотии. Овој планер ви помага токму во тоа, и ви нуди месечен образец за следење и планирање:

·         Запишете ги сите извори на ваши приходи.

·         Потоа, наведете ги и сите месечни трошоци, дури и одењето на фризер. Бидете свесни дека не треба да се лажете себеси.

·         Одземете ги трошоците од приходите. Внимавајте на износот што ќе остане за одреден месец – немојте да го потрошите на неважни работи. Целта е да знаете каде ви одат парите.

По споредување на приходот со трошоците, многумина се збунети, бидејќи многу често се заклучува дека во одредени месеци тие трошат повеќе одошто заработуваат. Ова е важно прашање што треба да се реши да се постигне финансиска стабилност во иднина. Ова е значајно, затоа што на листата треба да се додадат трошоците што се заборавени. Семејствата кои сакаат да постигнат финансиска стабилност треба да направат цели за следните шест месеци. Важно е да воспоставите рутина на штедење, за што исто така имате пример во овој планер. Тоа е постепен процес што може да потрае. Но, не откажувајте се и останете според планот.


 

Во нашата онлајн книжара можете да најдете боенки за деца, сликовници за деца, литература и книжевност за деца, како и останати едукативни забавни игри прилагодени за соодветната возраст кои на децата им помагаат да ги развиваат својата креативност и имагинација.