Почетниците во бизнис сферата треба да знаат една работа која најлесно може да ја научат од поискусните „играчи“ во бизнис светот, а тоа е дека за успех треба да бидат добри лидери така што ќе им обезбедат на своите вработени адекватни услови за максимална продуктивност. Под адекватни услови, покрај средина со соодветна апаратура и технологија, подразбира и квалитетни канцелариски материјали.
Иако голем дел од материјалите со тек на времето се заменија со приспособување на истите во вид на апликации и виртуелни алатки, сѐ уште има алатки кои се безвременски и нивната физичка присутност не може да се замени. Ќе разговараме токму за тие т.н. старомодни, а сепак неопходни алатки и квалитетни канцелариски материјали.
Па, да почнеме од почеток.
Средства за пишување
На лист хартија, со пенкало се запишуваат сите важни работи како дневните големи и мали обврски, состаноци, важни детали околу проектот. И најважно, со пенкало се потпишуваат договори.
Кога ќе се спомне пенкало, не може, а да не се помисли на најдобриот и најпродаваниот бренд Pelikan. Германскиот производител за квалитетни канцелариски материјали е на самиот врв кога станува збор за снабдување на квалитетен и долготраен прибор. Било да е налив перо или хемиско пенкало, секој професионалец треба да го поседува за да ја доживее довербата која ја претставува брендот.
А, кога веќе пенкалото е секојдневна алатка за користење, добро е да се спомне дека при рака треба да имате и коректор во случај на корекции. Поседуваме и коректори и ролери од марката Pelikan. Целиот асортиман може да го разгледате на нашата веб-страница.
Нарачај тука Pelikan пенкала
Мрежен програм
Можеби звучи необично, но материјалите изработени од мрежа за секакви намени се сместени во неопходен материјал за секоја канцеларија. Тие даваат чувство на организираност и уреденост на просторот и работните маси, што е од голема важност за секој бизнис.
Вашето биро ќе изгледа поуредно и организирано, но и сè ќе ви биде на дофат доколку користите мрежна полица за документи на повеќе нивоа, чаши за пенкала и спојувалки, стикер-листови, држач за визит-картички.
И да не се заборави, добро е да имате мрежна корпа за отпадоци до вашето биро бидејќи лесно се чисти. Педантноста е императив на секој професионалец, затоа чувајте ја канцеларијата чиста.
Нарачај тука
Ламинатори и шредери
Доколку имате бизнис кој се потпира на физичка документација, тогаш потребно е да имате и апарати како ламинатори и шредери. Нема поефикасен начин од ослободување на стари и непотребни документи од тоа да ги исечкате со помош на нашите шредери. Овие шредери исто така, сечат и ЦД-иња.
Ламинаторите се потребни за пластифицирање на важни документи, договори и слично. Имаме ламинатори за пластичицирање документи со А4 и А3 формат.
Нарачај тука
Плутaни и магнетни табли
Нема подобар начин од собирање на тимот за брејнсторминг и оживување на идеите за реализација на проектот, запишани на магнетна табла. Сѐ што звучи добро, вреди да се запише на таблата со цел да се почне процес на обликување на проектот. Идеите најдобро ќе ги запишете со маркерите на Pelikan, кои исто така ги нудиме во нашиот широк асортиман. За сетот да биде комплетен, потребен е сунѓер кој беспрекорно ќе го избрише маркерот, а таблата ќе ја задржи белината и ќе биде подготвена за следниот проект.
Што се однесува до плутната табла, таа може да ја користите како што ќе посакате. Закачете број од важен соработник запишан на ливче, ставете го вашиот дневен распоред на обврски за подобра прегледност, или пак доколку сте дизајнер на облека, направете колаж од материјали за полесна визуелизација на вашата замислена креација.
Нарачај тука
Компјутерска галантерија
Располагаме и со секаква компјутерска галантерија од типот на мауси, тастатури, УСБ-стикови за комплетно опремување на вашата ценета канцеларија.
Нарачај тука
Па, откако се уверивте дека на располагање имаме сѐ што ви е потребно за да бидете успешни во вашиот бизнис и при тоа да ги снабдите вашите вработени со квалитетни канцелариски материјали, останува да одбрете сè што ви е потребно од нашата продавница и да почнете со работа.