Последните денови од август ја носат со себе еуфоријата за крај на уште еден летен распуст, а со тоа и најавата за нова училишна година. Учебници, тетратки, прибор, се работите на кои секој родител посветува доста внимание и се труди да ги обезбеди навремено за своето дете безгрижно да се врати во училишните клупи, подготвено да впива нови знаења.
Покрај горенаведените главни елементи неопходни за секој ученик, многу е важно родителот да обезбеди квалитетен ранец за своето дете. Речиси да нема родител кој трагал со денови по идеалниот ранец имајќи ги на ум најважните карактеристики што треба да ги поседува еден квалитетен училишен ранец, како носивост, квалитет на материјал, удобност и издржливост.
Имајќи ги овие работи предвид, може да се каже дека ранецот е и најважната алатка, бидејќи се користи секојдневно во и вон училишни активности. Нашата цел е да им помогнеме на родителите да ги избегнат потенцијалните проблеми во одбирање вистинскиот ранец кој не само што неговото дете ќе го употребува на подолг период, односно повеќе од една училишна година, туку и ќе помогне во важната битка со потенцијални болки во грбот и несакано искривување на истиот.
Затоа, им ја препорачуваме нашата нова линија на училишни ранци, Coolpack.
Нарачај: Coolpack Base – Darker Knight
Нарачај: Coolpack Basic Plus – Fossil
За Брендот – CoolPack
CoolPack е брендот позади едни од најбараните ранци на пазарот, а со тоа и гаранција за премиум квалитет на изработка и материјали, како и најмодерни и уникатни дизајни кои ги обожаваат не само децата туку и возрасните.
Coolpack како бренд, нуди огромен избор на производи и колекции како за децата, тинејџерите, студентите, така и за оние повозрасните преку својата бизнис колекција на торби, чанти, лаптоп ранци и слично.
Удобност и квалитет
Вашето дете повеќе нема да се жали од болки во грбот колку и да се тешки книгите што ги носи, благодарение на специјално дизајнираната мека поддршка на задниот дел од ранецот. Ергономскиот грб гарантира правилно држење на телото во секој момент, како и удобност за детето да не мора периодично да го носи ранецот на една рачка и да го префрла од едно на другото рамо.

Со оглед на тоа дека Coolpack ранците се изработени од исклучително лесни материјали, се намалува тежината со која секое дете се справува додека оди на училиште носејќи ги тешките и дебели книги за предвидените предмети во тој ден. Се добива чувство на стабилност при движење како ретко кој друг ранец нуди.
Нарачај: Coolpack Basic Plus – Lady Color
Нарачај: Coolpack Joy – Toucans
Не треба да се занемарат и останатите важни карактеристики на еден квалитетен ранец како што е Coolpack. Иако лесен, цврстиот материјал и зајакнатата подлога на долниот дел спречува лесно оштетување, односно ранецот е подготвен да ги издржи сите предизвици од кинење.
Водоотпорноста е уште една карактеристика кај Coolpack ранецот, што значи збогум на изводенети книги и оштетени тетратки во случај на дождови и снежни денови.
Нарачај: Coolpack Jerry – Adventure park
Нарачај: Coolpack Jerry – Catch me
Организација
Што се однесува до распоредување на книгите и приборот, Coolpack ранците нудат широка пространост и прегради од секаков тип. Две големи прегради во внатрешниот дел, посебно дизајнирани за книги и тетратки, како и предел за преносен компјутер кој сѐ почесто се појавува како алатка за училишните активности.
Внатрешниот дел исто така нуди прегради за секој прибор да биде точно распореден и секогаш да е на дофат, давајќи чувство на организираност. Тука е и длабокиот преден џеб, за безбедно складирање на личните предмети како телефон, клучеви, па и ужинката која е неопходна за секое дете.

Да не го заборавиме и страничниот џеб наменет за шише вода, кое ќе му биде на дофат на секое дете. Сѐ да биде на свое место и да нема паника меѓу децата избегнувајќи непотребно пребарување на предметите како кај обичните ранци.
Нарачај: Coolpack Jerry – Football 2T
Нарачај: Coolpack Joy – Happy Donuts
Уникатен стил

Згора на сѐ, вашето дете ќе ужива во огромниот избор на уникатни и модерни дизајни, направени токму по нивната раскошна имагинација. Било тоа да се гејмери, спортски фанатици или аватуристи во душата, Coolpack располага со секакви креативни изработки кои децата ќе ги обожуваат секој миг.
Штом заклучивме дека треба да се обезбеди квалитетен ранец за децата штом тргнат во училиште, останува на вас родителите да го направите вистинскиот избор и да се снабдите со еден од Coolpack ранците што ги нудиме во нашата широка палета, токму во овој критичен период.
Со Coolpack, вие на вашето дете му подарувате многу повеќе од само кул ранец со кој ќе се истакнува во неговиот клас.