Back To Top Button
Смарт тетратки

Смарт тетратки на Липа Мил со СМАРТ АСИСТЕНТ

Смарт тетратки

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА НОВАТА SMART LINES АПЛИКАЦИЈА

По успехот со нашата Smart Lines апликација, решивме да одиме чекор подалеку и да развиеме уште еден поиновативен систем. Ова не е само скенер, планер или распоред за часови – тој е се ова и многу повеќе!

Новата Smart Lines апликација е вашиот нов уникатен школскски асистент. Тој ги спојува вашите Lipa Mill тетратки со ексклузивна апликација.  Таа апликација на учениците, наставниците и родителите им нуди помош при спремањето и подготвувањето на тестовите и домашните задачи.

Смарт тетратки
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА И ШТО ПРЕТСТАВУВА ?

Smart Lines е апликација направена за да им помогне на самите ученици, но и на наставниците и родителите во секојдневните училишни обврски на децата. Направена е да биде многу лесна и едноставна за користење за луѓето од сите возрасти и достапна е на преку 20 јазици, меѓу кои и македонски и албански. Самата тетратка има планер и распоред кои треба да бидат пополнети и потоа скенирани со апликацијата која сама ќе направи дигитална верзија на овие алатки. 

Ова значи дека учениците автоматски ќе го имаат планот и распоредот во нивните смартфони и ќе добиваат потсетници и известувања дека имаат испрашување, тест или домашна задача на одреден датум. Исто така можат се ова да го споделат и со другите ученици, родителите или наставниците.

КАКО СЕ КОРИСТИ SMART LINES ?
Смарт тетратки

Смарт Тетратки кои нудат бенефити за учениците

  • Суптино ги спојува модерната технологија на која се навикнати и училишните задачи преку апликација која многу лесно и брзо да се користи.
  • Ги учи децата како да бидат организирани на многу едноставен начин. Домашните, испрашувањата и тестовите веќе не можат да бидат заборавени.
  • Поттикнува пријателско однесување меѓу учениците. Децата на многу лесен начин можат да им помогнат на соучениците кои поради некоја причина отсуствувале од часови за да не пропуштат ништо од наставата
Смарт тетратки

СМАРТ ТЕТРАТКИ СО БЕНЕФИТИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ

  • Им дозволува на наставниците лесно и брзо да ги споделат забешките и најбитните поенти од часот со целиот клас или пак со поединци.
  • Можат да креираат посебна Viber или WhatsApp група каде ќе ги споделуваат сите овие работи кои пак учениците лесно ќе можат да си ги преземат.

БЕНЕФИТИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ

  • На родителите навремено им стигнуваат известувања за задачите кои ги очекуваат нивните деца. Помагањето на децата околу нивните училишни задачи никогаш не било полесно.
  • Целосен извештај за обврските на децата со само еден клик.
  • Следење на распоредот и обврските на децата сега е поедноставно од било кога.

ВИДИ ГИ СИТЕ КОЛЕКЦИИ СМАРТ ТЕТРАТКИ ТУКА

СИМНИ ЈА АПЛИКАЦИЈАТА ТУКА

Смарт тетратки

*Сите права се задржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот

Слободно контактирајте не, Ви стоиме на располагање за сите Ваши прашања!

Поврзани написи

Post Image

Опремување за успешна работа од дома

Доколку и вие како и многу други размислувате за работа од дома, една од важните работи кои мора да ги имате предвид е како да го опремите тој простор каде што ќе поминувате значителен дел од денот. Зошто? Бидејќи тоа може да влијае на вашата продуктивност. Tешко е да се...

Прочитај Повеќе »
Post Image

Подарок за 8ми март, надминете ги нејзините очекувања

Подарок за 8ми март, надминете ги нејзините очекувања 8ми март е празник кој се слави во целиот свет. Тоа е интернационален ден на жената во кој се слави женската моќ и придонесот на жената во општеството. Ова е празник кога сакаме да им покажеме на дамите во нашите животи колку...

Прочитај Повеќе »
Смарт тетратки

Запознајте се со вашите нови СМАРТ ТЕТРАТКИ

Lipa Mill во соработка со Графотекс на пазарот воведува нови иновативни СМАРТ ТЕТРАТКИ со мобилна апликација SmartLines која е спeцијално изработена за на учениците да им помогне да се прилагодат на новиот начин на учење на далечина и да го направат попродуктивен.

Оваа апликација функционира само со посебните смарт маркери кои ги има единствено на тетратките на Lipa Mill.

Поради често отсуство од наставата поради здравстени проблеми или приватни обрски (спорт, патување, изолација) учениците во своите тетратки треба да ја препишат содржината која што се учела дента на училиште. Поголемиот дел од сликите кои што им ги праќаат соучениците тешко може да се прочитаат, а и се несоодветни за печатење заради големата потрошувачка на тонер со што учениците имаат голем проблем да го прочитаат и препишат напишаното и губат многу време.

SmartLines апликацијата автоматски ја сече, чисти и оптимизира сликата со потребниот контраст и светлина за да се добие лесна читливост и прегледност на напишаното, а дополнително заштедува дури 98% од потрошувачката на тонерот доколку сакате да го испринтате сликаното. Сето ова заедно го олеснува учењето и го прави попродуктивно.

Главни Карактеристики на Smart Lines:

  1. Дигитализирање и брза прегледност на вашите забелешки, цртежи, рецепти и слично
  2. Автоматско сечење, чистење и оптимизирање сликата со потребниот контраст и светлина за да се добие лесна читливост и прегледност на напишаното
  3. Организирање на напишаното по предмети ( пр. математика, хемија, англиски и слично.)
  4. Брзо и лесно споделување на напишаното со пријателите кои што биле отсутни поради здравствени проблеми или приватни обврски (тренинг, патување, изолација и слично). Споделувањето е можно преку сите добро познати мобилни апликации како Viber, Facebook, Instagram, Whatsapp, One Drive, Google Drive, Dropbox, e-mail…
  5. Заштеда на тонер при печатење на сликите дури до 98%.
  6. Чување на цела тетратка на крајот на школската година за помалиот брат или сестра.
  7. Споделување забелешки со својот тим на cloud платформите како Google Drive, Dropbox, Trello, Evernote, Onedrive, Onenote, Slack и Google Photos.

Употреба на апликацијата:

  1. Симнете и стартувајте ја апликацијата SmartLines од Google Play или App Store
  2. Позиционирајте ја камерата од апликацијата така што ќе се гледа целата страница со специјалните смарт маркери на ќошевите
  3. Задржете момент за самата апликација автоматски да сликне и да ја обработи сликата
  4. Сочувајте ја сликата во фолдерите кои сте ги направиле (математика, хемија, англиски…) или директно препратете ја на некој
  5. Не ги прикривајте или прецртувајте смарт маркерите

ВИДИ ГИ СИТЕ КОЛЕКЦИИ СМАРТ ТЕТРАТКИ ТУКА

СИМНИ ЈА АПЛИКАЦИЈАТА ТУКА

*Сите права се задржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот

Поврзани написи

Post Image

Рачно пишување во дигитална ера

Живееме во ера на брз технолошки развој во која дигитална комуникација и дигиталните алатки доминираат, и речиси сите активности и обврски колку што можеме повеќе да ги извршуваме со помош на паметен уред или компјутер. Иако дигиталните уреди ги доминираат нашите секојдневни животи, користењето на пенкало и хартија како традиционални...

Прочитај Повеќе »
Post Image

Заштитни маски KN95 во Графотекс

Графотекс е компанија која на македонскиот пазар постои уште од 1993 година. Примарната дејност е увоз, големопродажба и дистрибуција на Канцелариски Материјали и Тонери.   Соработуваме со најпознатите европски и светски брендови и производители како Pelikan, Herlitz, Geha, Media Range (Германија), CASIO (Јапонија), Retech (Кина), Tekiner Group (Турција), GPV (Романија) итн. Нашите клиенти,...

Прочитај Повеќе »