Подарок за 8ми март, надминете ги нејзините очекувања

8ми март е празник кој се слави во целиот свет. Тоа е интернационален ден на жената во кој се слави женската моќ и придонесот на жената во општеството. Ова е празник кога сакаме да им покажеме на дамите во нашите животи колку ни се важни и да им се заблагодариме за се што имаат направено за нас.

Наоѓање уникатен подарок

Сепак, наоѓањето на совршен подарок за 8ми март може да биде предизвик. Затоа ние сме тука да ви помогнеме да бидете уникатни во изборот и притоа да одберете подарок кој ќе остане да трае долго време и по кој ќе се сеќаваат на вас. За таа цел, направивме специјални подарок сетови со елегантно Pelikan Jazz пенкало и инспиративна книга со женска тематика. Овој комплет е совршен подарок за 8ми март, а особено за оние кои ја ценат уметноста на пишување и добрата книга.

Зошто овој сет е совршен како подарок за 8ми март?

Книгите во сетовите се внимателно избрани за да ги инспирираат и мотивираат жените, да им помогнат да ги постигнат своите соништа и цели, а ќе бидат и супер додаток во секоја домашна библиотека.

Пенкалото што доаѓа со овој комплет е со врвен квалитет и дизајн што сигурно ќе ја воодушеви секоја жена која ја цени уметноста на пишување или обожава да си го води сопствениот дневник и да ги запишува своите мисли. Дополнитлно, поради елегантниот изглед ова пенкало ќе претставува и одличен украс на нејзината работна маса.

Со подарување на овој сет, не само што ќе усреќите посебна жена во вашиот живот, туку и ќе ги поддржите уметничките и креативните активности. Ова е подарок кој сигурно ќе ја изненади и воодушеви вашата сакана. Воедно ќе и пружи инспирација и мотивација во наредниот период.

Нарачајте го вашиот сет уште денес и погрижете се вашата омилена дама да добие нешто што ќе остане во нејзината меморија долго време.

Нашиот предлог го имате на овој линк (клик тука) 

Дел од книгите кои се опфатени во овие сетови  се:

  • Дамски гамбит – Волтер Тревис
  • Последната од девојките Месечини – Барбара Дејвис
  • Лулу – Јана Мишо
  • Мојата приказна – Мишел Обама
  •  Седумте мажи на Евелин Хуго – Тејлор Џенкинс
  • Рандеву – Луиз Џенсен
  • Храбри наместо совршени – Шунмио Масуно  

Целата понуда на линкот

*Сите права сезадржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот