Back To Top Button
подарок 8 ми март

Подарок за 8 ми март, надминете ги нејзините очекувања

Подарок за 8 ми март, надминете ги нејзините очекувања

8 ми март е празник кој се слави во целиот свет, тоа е интернационалниот ден на жената во кој се слави женската моќ и придонесот на жената во општеството. Ова е празник кога сакаме да им покажеме на дамите во нашите животи колку ни се важни и да им се заблагодариме за се што имаат направено за нас.

Наоѓање уникатен поклон

Сепак, наоѓањето на совршен подарок за 8 ми март може да биде предизвик. Затоа ние сме тука да ви помогнеме да бидете уникатни во изборот и притоа да одберете подарок кој ќе остане да трае долго време и по кој ќе се сеќаваат на вас. За таа цел, направивме специјални поклон сетови со елегантно Pelikan Jazz пенкало и инспиративна книга со женска тематика. Овој комплет е совршен подарок за 8 ми март, а особено за оние кои ја ценат уметноста на пишување и добрата книга.

Зошто овој сет е совршен како поклон за 8ми март?

Книгите во сетовите се внимателно избрани за да ги инспирираат и мотивираат жените, да им помогнат да ги постигнат своите соништа и цели, а ќе бидат и супер додаток во секоја домашна библиотека.

Пенкалото што доаѓа со овој комплет е со врвен квалитет и дизајн што сигурно ќе ја воодушеви секоја жена која ја цени уметноста на пишување или обожава да си го води сопствениот дневник и да ги запишува своите мисли. Дополнитлно, заради елегантниот изглед ова пенкало ќе претставува и одличен украс на нејзината работна маса.

Со подарување на овој сет, не само што ќе усреќите посебна жена во вашиот живот, туку и ќе ги поддржите уметничките и креативните активности. Ова е подарок кој сигурно ќе ја изненади и воодушеви вашата сакана, а воедно и ќе и пружи инспирација и мотивација во наредниот период.

Нарачајте го вашиот сет уште денес и погрижете се вашата омилена дама да добие нешто што ќе остане во нејзината меморија долго време.

Нашиот предлог го имате на овој линк (клик тука) 

Дел од книгите кои се опфатени во овие сетови  се:

  • Дамски гамбит – Волтер Тревис
  • Последната од девојките Месечини – Барбара Дејвис
  • Лулу – Јана Мишо
  • Мојата приказна – Мишел Обама
  •  Седумте мажи на Евелин Хуго – Тејлор Џенкинс
  • Рандеву – Луиз Џенсен
  • Храбри наместо совршени – Шунмио Масуно  

Целата понуда налинкот

*Сите права сезадржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот

Поврзани написи

Post Image

Од молив до линијар – Што сѐ им е потребно на децата за успешна училишна година

Летните детски лудории завршуваат со доаѓањето на септември, месецот кој е најпознат по враќањето во уличишните клупи. Време е за нова училишна година, во која децата ќе се сретнат со нови предизвици и совладување нови знаења, а предизвици има и за родителите во нивната мисија да ги обезбедат своите најмили...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

МОЌТА НА ПИШАНИОТ ЗБОР: ПЕНКАЛОТО И ХАРТИЈАТА ВО ДИГИТАЛНАТА ЕРА

Живееме во ера на брз технолошки развој во која дигитална комуникација и дигиталните алатки доминираат, и речиси сите активности и обврски колку што можеме повеќе да ги извршуваме со помош на паметен уред или компјутер. Иако дигиталните уреди ги доминираат нашите секојдневни животи, користењето на пенкало и хартија како традиционални...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

Зголемување На Продуктивноста: Ефектот На Kвалитетните Kанцелариски Mатеријали

Денес, високата продуктивност е неопходна за успехот на секој бизнис. Многу фактори влијаат на истата, но еден аспект кој често се занемарува е употребата на квалитетни канцелариски материјали.  Од потрошувачки материјали до ергономски мебел, инвестирањето во висококвалитетни канцелариски материјали може значително да зголеми ефикасноста на работното место, моралот на вработените...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »