Back To Top Button

Детски Читанки – Сет 6

460 ден

Сет читанки за деца: 

во сетот влегуваат: Вистинска приказна за двете соседни кралства,  Патека од кикиритки

Број на страни: 55 + 30
Димензии: 140х200
Корица: мека
 
“Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни – читајте им бајки, ако сакате да бидат уште поинтелигентни – читајте им повеќе.”  – Алберт Ајнштајн
 
Детските книги, читанки и сликовниците се забавни и поучни приказни полни со убави илустрации и претставуваат одлична забава и иделана можност за дружба помеѓу децата и родителите. Приказните во овие читанки ќе ја разбудат фантазијата и љубопитноста на секое дете кое со возбуда ќе сака да ги прераскажува повторно и повторно.

Вистинска приказна за двете соседни кралства :

Ова воопшто не е некоја обична приказна. Туку, вистинска е.

За две вистински соседни кралства. За Хана, една вистинска кралица. И за Фран, еден вистински крал. И не се случило еднаш, некогаш, многу одамна во двете вистински кралства, како во сите други приказни. Туку, сега, вистински се случува.

Патека од кикиритки :

Приказните во оваа книга се случуваат во едно мало скришно и магично место за кое не чул речиси никој, а уште помалку се оние што го имаат видено. Тоа место се вика Омвил. Омвил е колку обичен – толку необичен. Колку стварен – толку измислен. Во Омвил и во неговата околина – и на сонце и под сенка – но и зад секоја врата, во секоја соба, во секое ќоше, има по некоја чудесна приказна…

 

Видете ја нашата понуда од сетови со попуст со клик тука !

Во нашата онлајн книжара можете да најдете боенки за деца, сликовници за деца, литература и книжевност за деца, како и останати едукативни забавни игри прилагодени за соодветната возраст кои на децата им помагаат да ги развиваат својата креативност и имагинација.