Почетна » Школски Прибор » Онлајн Книжара » Детски Класици » Детски Класици – Сет 9
550 ден
– во сетот влегуваат: Хајди, Мери Попинс
Хајди:
Што ќе се случи кога едно мало девојче без родители е оставено да живее со својот студен и страшен дедо, во една мала колипка на швајцарските Алпи? Авантури, доживувања и многу научени нови работи! Хајди ги менува животите на сите околу неа: го враќа дедо ù помеѓу луѓето, ù ја враќа желбата за живот на баба ù и го учи Петар да чита. Но, најважната промена се случува кога нејзината болна другарка од големиот град Франкфурт, Клара, ќе дојде да ја посети. Дури тогаш вистински почнуваат авантурите.
Мери Попинс:
Мери Попинс е необична англиска гувернанта која секое дете би посакало да ја има! Долетува во Лондон со помош на ветерот од исток право во домот на семејството Бенкс, на Црешовата уличка број 17 за да се грижи за нивните четири деца.Мери Попинс има волшебна торба и чадор од кој не се дели. Се појавува од никаде, внесува радост и авантура во животите на децата, а нејзините магични моќи можат и неможното да го направат можно!
Во нашата онлајн книжара можете да најдете боенки за деца, сликовници за деца, литература и книжевност за деца, како и останати едукативни забавни игри прилагодени за соодветната возраст кои на децата им помагаат да ги развиваат својата креативност и имагинација.