Ако во еден збор треба да ја дефинираме нашата љубов спрема ексклузивните пенкала на Пеликан тоа е: страст.
Страст за пишаниот збор. Страст за елеганција. Страст за квалитет.
Ако го вреднувате квалитетот ќе го вреднувате и брендот Pelikan Fine Writing Instruments. Децении наназад со најголема пасија и посветеност на деталите секојдневно истражуваме нови методи и начини за да го направиме вистинското пенкало за Вас.
Продолжете надоле за поблиску да се запознаете со брендот како и со вистинскиот квалитет на екслузивните пенкала за пишување на Пеликан, нашата 180 годишна традиција во изработка на пенкала и налив пера како и мастилата за истите.
Зошто Пеликан ?
Квалитетот доаѓа како резултат на мајсторството. Во Пеликан тоа е резултат на 180 годишно искуство во оваа област. Сепак, ние се потпираме на многу повеќе од само искуството. Работите што биле тестирани и прифатени низ децениите треба постојано да се унапредуваат за и понатаму да ги инспирираат луѓето и денес и во иднина. Со цел постојано да ги исполнуваме дури и најкомплицираните барања на новото време, постојано работиме на модернизирање и подобрување на нашите производи со истата посветеност и желба како и првиот ден.
Ова е тоа што го дефинира и разликува брендот Пеликан од сите други, тоа е начинот на кој работиме повеќе од 18 децении наназад и тоа е истата филозофија по која се водиме и ден денес.
Со квалитетот нема компромис.
Ова е нашето ветување према ВАС.
Колекции

Souverän® Premium
Ексклузивен дизајн, луксузен изглед, прецизна изведба и врвен квалитет: Souveran серијата ги поставува стандардите и претставува вистинска класика во светот на ексклузивните пенкала и налив пера.
Од почетокот на прозиводството, па со ден денес, дизајнот на ова пенкало никогаш не е променет и претставува заштитен знак на Pelikan Fine Writing Instruments.
Souverän® серијата е достапна како налив перо, пенкало, ролер и технички молив и во зависност од моделот доаѓа со позлатени (24 к. злато) или сребрени детали на самото пенкало. Перцето кај налив перото е направено од 14 или 18 каратно злато, повторно во зависност од серијата.
Classic Elegance
Преубавата Classic Elegance серија е една од најпродаваните заради нејзиниот модерен дизајн, елегантен изглед како и пристапна цена. Различните нијанси кои се прелеваат меѓу себе му даваат некоја поинаква димензија на изгледот на ова пенкало, а сепак го задржуваат класичиот Пеликан дизајн.
Во рака држите екстра квалитетно пенкало, во кое се инкорпорирани повеќедецениска ескпертиза и знаење од старите германски мајстори. Токму ова дозволува да го користите во секоја пригода и го прави одличен подарок за специјални прилики.
Classic серијата е достапна како налив перо, хемиско пенкало и технички молив, а во зависност од моделот доаѓа со позлатени (24k) или сребрени детали на самото пенкало.


Professional Writing
Jazz и Snap колекциите се дел од professional writing серијата на Пеликан. Тие се различни на изглед, но слични по карактерни особини.
Метални пенкала што ги дефинира модерен, а сепак елегантен и минималистични изглед за луѓе со префинет вкус и самодоверба. Доаѓаат со класична М337 Пеликан мина за одлично пишувачко искуство. За најпребирливите, овие колекции се достапни во светли, мат и пастелни бои. Изборот останува на вас. Погледнете ги и овие колекции.
Edelstein® Ink
Името Еделстаин (Edelstein) преведено од германски на македонски значи скапоцен камен (gem stone). Сите различни бои на Edelstеin® мастилата одговараат на бојата на некој скапоцен камен.
Секое од овие мастила во себе има специјална состојка која овозможува екстра лесно пишување со мастилото и заштита на перцето на налив перото.
Изгледот и уникатните бои го прават ова екстра квалитетно мастило убав сувенир на вашата работна маса.
