Back To Top Button
back to school

Од молив до линијар – Што сѐ им е потребно на децата за успешна училишна година

Летните детски лудории завршуваат со доаѓањето на септември, месецот кој е најпознат по враќањето во уличишните клупи. Време е за нова училишна година, во која децата ќе се сретнат со нови предизвици и совладување нови знаења, а предизвици има и за родителите во нивната мисија да ги обезбедат своите најмили со сѐ што им е потребно за успешно школување.

Под сѐ што им е потребно, мислиме на прибор и алатки со кои материјалот полесно ќе се совлада, а учењето ќе биде поефикасно. Од молив, до линијар и боици за цртање, секое дете треба да биде комплетно опремно за да има успешна година на училиште и резултати со кои родителите ќе се гордеат.

Со таа цел, ние подготвивме повеќе различни пакети од квалитетен училишен прибор и опрема за ученици од сите возрасти за секакви потреби.

Прибор за пишување

Молив со гума HB

Најосновниот прибор кој мора да го поседува секое дете-ученик, без разлика во кое одделение е, секако е моливот. Со него се почнува уште од самиот почеток, учење како се пишуваат буквите и бројките, па составување на првата реченица, било да е ракописно или печатно.

Затоа е потребно секое дете да поседува квалитетен молив како што е дрвениот молив со гума HB. Изработен е од цврсто дрво што не дозволува лесно кршење, додека пак гумата овозможува бришење без да остава траги на листовите. Воедно, овој молив е многу лесен за користење и е удобен во рака поради триангуларниот облик.

Нарачај веднаш – Молив со гума HB

Хемиско Пенкало S-Cool

Ако моливот е најосновен прибор, тогаш пенкалото е на второ место бидејќи е дел од училишниот прибо во текот на целото образование на едно дете. Најчесто се користи кога децата се веќе посигурни во своето пишување и прават помалку грешки, но за да бидат успешни на часови потребно е пенкалото да биде повеќе од обично.

Хемиското пенкало S-Cool е привлечно за сите деца токму поради ергономскиот облик и мекиот гумиран грип со што пишувањето е максимално олеснето, а воедно е удобно за користење.

Нарачај веднаш – Хемиско Пенкало S-Cool

Перманентни маркери

Маркерите секогаш се добредојдени како корисни алатки. Најчесто се користат за организирано пишување, подвлекување важни дефиниции, означување на задачи итн.

Ако маркерот е повеќенаменски, замислете го со два врва со дебел врв на едниот крај и тенок на другиот. Таков е перманентниот маркер на Offishop, наменет за двојно повеќе употреба и прецизно бележење.

Нарачај веднаш – Перманентен маркер Offishop

Прибор за математика

Линијар

Геометриски линијар е во склоп со примарниот прибор и со него почнува запознавањето со геометријата. Децата најдобро ќе цртаат прави линии и ќе бараат агли само доколку линијарот е квалитетен и цврст каков што е S-Cool. Изработен е од врвен ПВЦ материјал и гарантира долготрајна употреба.

Нарачај веднаш – Линијар 30cm S-Cool

Линијар мултишаблон

Со мултишаблонскиот линијар започнува вистинската забава. Оцртување на разни геометриски облици помага при развивањето на логиката кај децата кога во прашање се геометриските задачи.

Изработен од цврст ПВЦ материјал, нашиот мултишаблонски линијар гарантира лесно учење.

Нарачај веднаш – Линијар Мултишаблон S-Cool

Шестар 

Шестарот е неопходно средство првично за геометрија, а понатаму го користат архитекти и дизајнери. Па доколку вашето дете сонува за една од овие професии, потребен му е високо квалитетен шестар.

Шестарот Future II S-Cool е изработен од нерѓосувачки челик, со модерен дизајн и е лесен за употреба, воедно дава сигурност при употреба.

Нарачај веднаш – Шестар Future II S-Cool

Прибор за ликовно

Боици и бои

Креативното изразување и будењето на уметникот кај вашето дете е лесна задача доколку се користи правилниот прибор. Децата на училиште учат да цртаат користејќи првично дрвени боици, водени и темперни бои.

Дрвените боици S-Cool Flexy се изработени од цврсто дрво, додека мината не дозволува лесно кршење. Лесно се острат без да се оштетат, додека нанесувањето на боите е лесно бидејќи не е потребен напор за да се забележи на хартијата.

Нарачај веднаш – Дрвени боици S-Cool Flexy

Кај водените бои најважно е брзо да се сушат при нанесување и да не се разлеваат врз хартијата. Водените бои на TOZ се со квалитетен пигмент и оставаат живописен траг, воедно се безбедни за користење бидејќи не содржат токсични хемикалии.

Нарачај веднаш – Водени бои TOZ

Со темперните бои веќе се стапува кон ново ниво на цртање и боење. За првокласни цртежи потребно е боите да се со висок квалитет, да бидат интензивни и воедно лесно да се мешаат за добивање нови нијанси.

Такви се темперните бои S-Cool кои се отпорни на светло и лесно се нанесуваат на површината.

Нарачај веднаш – Темперни бои S-Cool

Блокови и четки

Залудни се боите доколку немате со што да ги користите и да ги нанесувате на површина. Но, не грижете се, ќе ви помогнеме да составите комплетен сет заедно со блокови и четки прилагодени одделенијата.

Имаме блокови адаптирани според степенот на образование и возраста на учениците. Блоковите на Графотекс се од високо квалитетна акварел хартија на која боите совршено се нанесуваат.

Нарачај веднаш – Блок 5 Графотекс

Околу четките, знаеме дека постојат два типа наменети за водени и темперни бои. И во двата сета следуваат различни големини и дебелини на влакната приспособени за специфично цртање и боење.

Четките за водени бои на Pelikan се изработени од првокласно синтетичко влакно што гарантира долготрајна употреба.

Нарачај веднаш – Четки за водени бои Pelikan

Обичните четки за темперни бои често знаат да се уништат по само неколку користења, односно влакната да паднат, но тоа нема да се случи со четките на Pelikan.

Високо квалитетни синтетичките влакна совршено ја разлеваат бојата на хартијата, а воедно се многу лесни за чистење. Создадени се за долготрајна употреба, а следуваат во различни големи.

Нарачај веднаш – Четки за темперни бои Pelikan

Не само што ќе им направите услуга на вашите најмили да бидат комплетно подготвени за интензивните девет месеци кои им претстојат на училиште, туку и вие како родител во овие модерни и брзи времиња ќе заштедите пари и што е многу поважно, време, за набавка на сите тие т.н. школски инструменти.

Затоа што најважно е вашето дете да безгрижно да го развива своето знаење и да напредува во градењето на одговорна личност за во иднина.

Поврзани написи

Post Image

Производите на Графотекс во суперпродавницата на Literatura.mk во Сити Мол!

Графотекс присуствуваше на отварањето на најголемата книжарница во Македонија – Literatura.mk Superstore. Новата суперпродавница која е со површина од 500 м², свечено беше отворена на 20.05.2020. Kако долгогодишни соработници со Литература, во оваа суперпродавница ќе бидеме застапени со сиот свој училишен асортиман од брендовите Pelikan, Мар Мар – Липа Мил, Disney, како и калкулаторите од брендот Casio....

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

Зголемување На Продуктивноста: Ефектот На Kвалитетните Kанцелариски Mатеријали

Денес, високата продуктивност е неопходна за успехот на секој бизнис. Многу фактори влијаат на истата, но еден аспект кој често се занемарува е употребата на квалитетни канцелариски материјали.  Од потрошувачки материјали до ергономски мебел, инвестирањето во висококвалитетни канцелариски материјали може значително да зголеми ефикасноста на работното место, моралот на вработените...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

Заштитни маски KN95 во Графотекс

Графотекс е компанија која на македонскиот пазар постои уште од 1993 година со примарна дејност увоз, големопродажба и дистрибуција на Канцелариски Материјали и Тонери од најпознатите европски и светски брендови и производители како Pelikan, Herlitz, Geha, Media Range (Германија) , CASIO (Јапонија), Retech (Кина), Tekiner Group (Турција) GPV (Романија) итн. Нашите клиенти, во кои...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
coolpack ranci

Опреми се Фул за Back to School! Каков Ранец му е Потребно на Вашето Дете за Новата Училишна Година – Прв Дел

Последните денови од август ја носат со себе еуфоријата за крај на уште еден летен распуст, а со тоа и најавата за нова училишна година. Учебници, тетратки, прибор, се работите на кои секој родител посветува доста внимание и се труди да ги обезбеди навремено за своето дете безгрижно да се врати во училишните клупи, подготвено да впива нови знаења.


Покрај горенаведените главни елементи неопходни за секој ученик, многу е важно родителот да обезбеди квалитетен ранец за своето дете. Речиси да нема родител кој трагал со денови по идеалниот ранец имајќи ги на ум најважните карактеристики што треба да ги поседува еден квалитетен училишен ранец, како носивост, квалитет на материјал, удобност и издржливост. 

Имајќи ги овие работи предвид, може да се каже дека ранецот е и најважната алатка, бидејќи се користи секојдневно во и вон училишни активности. Нашата цел е да им помогнеме на родителите да ги избегнат потенцијалните проблеми во одбирање вистинскиот ранец кој не само што неговото дете ќе го употребува на подолг период, односно повеќе од една училишна година, туку и ќе помогне во важната битка со потенцијални болки во грбот и несакано искривување на истиот.

Затоа, им ја препорачуваме нашата нова линија на училишни ранци, Coolpack.

Нарачај: Coolpack Base – Darker Knight

Нарачај: Coolpack Basic Plus – Fossil

За Брендот – CoolPack

CoolPack е брендот позади едни од најбараните ранци на пазарот, а со тоа и гаранција за премиум квалитет на изработка и материјали, како и најмодерни и уникатни дизајни кои ги обожаваат не само децата туку и возрасните.

Coolpack како бренд, нуди огромен избор на производи и колекции како за децата, тинејџерите, студентите, така и за оние повозрасните преку својата бизнис колекција на торби, чанти, лаптоп ранци и слично.

Удобност и квалитет

Вашето дете повеќе нема да се жали од болки во грбот колку и да се тешки книгите што ги носи, благодарение на специјално дизајнираната мека поддршка на задниот дел од ранецот. Ергономскиот грб гарантира правилно држење на телото во секој момент, како и удобност за детето да не мора периодично да го носи ранецот на една рачка и да го префрла од едно на другото рамо.

Со оглед на тоа дека Coolpack ранците се изработени од исклучително лесни материјали, се намалува тежината со која секое дете се справува додека оди на училиште носејќи ги тешките и дебели книги за предвидените предмети во тој ден. Се добива чувство на стабилност при движење како ретко кој друг ранец нуди.

Нарачај: Coolpack Basic Plus – Lady Color

Нарачај: Coolpack Joy – Toucans

Не треба да се занемарат и останатите важни карактеристики на еден квалитетен ранец како што е Coolpack. Иако лесен, цврстиот материјал и зајакнатата подлога на долниот дел спречува лесно оштетување, односно ранецот е подготвен да ги издржи сите предизвици од кинење. 

Водоотпорноста е уште една карактеристика кај Coolpack ранецот, што значи збогум на изводенети книги и оштетени тетратки во случај на дождови и снежни денови.

Нарачај: Coolpack Jerry – Adventure park

Нарачај: Coolpack Jerry – Catch me

Организација

Што се однесува до распоредување на книгите и приборот, Coolpack ранците нудат широка пространост и прегради од секаков тип. Две големи прегради во внатрешниот дел, посебно дизајнирани за книги и тетратки, како и предел за преносен компјутер кој сѐ почесто се појавува како алатка за училишните активности. 

Внатрешниот дел исто така нуди прегради за секој прибор да биде точно распореден и секогаш да е на дофат, давајќи чувство на организираност. Тука е и длабокиот преден џеб, за безбедно складирање на личните предмети како телефон, клучеви, па и ужинката која е неопходна за секое дете. 

Да не го заборавиме и страничниот џеб наменет за шише вода, кое ќе му биде на дофат на секое дете. Сѐ да биде на свое место и да нема паника меѓу децата избегнувајќи непотребно пребарување на предметите како кај обичните ранци. 

Нарачај: Coolpack Jerry – Football 2T

Нарачај: Coolpack Joy – Happy Donuts

Уникатен стил

Згора на сѐ, вашето дете ќе ужива во огромниот избор на уникатни и модерни дизајни, направени токму по нивната раскошна имагинација. Било тоа да се гејмери, спортски фанатици или аватуристи во душата, Coolpack располага со секакви креативни изработки кои децата ќе ги обожуваат секој миг.

Штом заклучивме дека треба да се обезбеди квалитетен ранец за децата штом тргнат во училиште, останува на вас родителите да го направите вистинскиот избор и да се снабдите со еден од Coolpack ранците што ги нудиме во нашата широка палета, токму во овој критичен период.

Со Coolpack, вие на вашето дете му подарувате многу повеќе од само кул ранец со кој ќе се истакнува во неговиот клас.

Поврзани написи

Post Image

Смарт тетратки на Липа Мил со СМАРТ АСИСТЕНТ

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НОВИОТ SMART LINES По успехот со нашата Smart Lines апликација, решивме да одиме чекор подалеку и да развиеме уште еден поиновативен систем. Ова не е само скенер, планер или распоред за часови – тој е се ова и многу повеќе! Новата Smart Lines апликација е вашиот нов уникатен...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

ТОП 5 ПОДАРОЦИ ЗА ВАШИТЕ КЛИЕНТИ И СОРАБОTНИЦИ

Како најдобро да им покажете на вашите деловни клиенти, партнери или соработници дека претставуваат важен дел од вашиот бизнис?  Се разбира, тоа е преку градење на соработката и придонесување кон нивниот успех – но секако, да не заборавиме дека и подароците играат важна улога, и преку добар подарок  можете да...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Post Image

Адекватни и квалитетни канцелариски материјали – Суштината на секој успешен бизнис

Почетниците во бизнис сферата треба да знаат една работа која најлесно може да ја научат од поискусните „играчи“ во бизнис светот, а тоа е дека за успех треба да бидат добри лидери така што ќе им обезбедат на своите вработени адекватни услови за максимална продуктивност. Под адекватни услови, покрај средина...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »