Детски Класици – Сет 11

Допаѓања
на залиха

Кратко инфо:

Сет детски класици: 

– во сетот влегуваат: Хајди, Морски Самовили

Број на страни: 108 + 228
Димензии: 120х200
Корица: мека
 

Хајди:

Хајди е најпознато дело на швајцарската авторка Јохана Шпири. Таа вели дека го напишала за неверојатни четири недели.

Во него се раскажуваат авантурите на младото девојче Хајди, нејзиниот дедо и пријателите. Со нејзината искреност и добродушност таа ги менува животите на сите околу неа: го враќа дедо и помеѓу луѓето, го учи Петар да чита, а и помага и на Клара да оздрави. „Хајди“ е најпознатото книжевно дело произлезено од Швајцарија. Преведено е на речиси сите познати светски јазици и повеќепати е адаптирано за филмскиот екран.

Мајра Грифитс, со прекар Патче, е малечко девојче кое живее во една дрвена куќичка на морскиот брег, заедно со татко ù, капетан на едреник, мајка ù и еден стар пензиониран морнар со дрвена нога – капетанот Бил. Патче и капетанот Бил најчесто ги поминуваат деновите на плажите во близина на куќичката или, пак, пловејќи во чамец покрај брегот.

Морски Самовили:

Еден ден, Патче посакува да види сирена и, навистина, нејзината желба се исполнува. Сирените им објаснуваат на капетанот Бил и на Патче дека тие се добри морски самовили и ги канат да го посетат нивниот подводен свет, така што и самите ќе станат сирени. Патче е воодушевена од овој предлог, а капетанот Бил не сака да ја пушти да оди сама, па заедно се впуштаат во оваа неверојатна авантура.

 


Во нашата онлајн книжара можете да најдете боенки за деца, сликовници за деца, литература и книжевност за деца, како и останати едукативни забавни игри прилагодени за соодветната возраст кои на децата им помагаат да ги развиваат својата креативност и имагинација.

429 ден