Детски Класици – Сет 8

Допаѓања
на залиха

Кратко инфо:

Сет детски класици: 

– во сетот влегуваат: Книга за Џунглата, Робинзон Крусо

Број на страни: 232 + 72
Димензии: 140х200 / 120х200
Корица: мека
 

Книга за Џунглата:

Могли е посвоен од глутница волци, соработува со големиот питон Каа, се бори со мајмуните и страшниот куц тигар Шир-Кан и попатно го учи Законот на џунглата од своите ментори – стариот и мудар мечок Балу и итриот црн пантер Багира. Но, Могли не е единствениот лик во „Книга за џунглата“.  Во многубројните раскази можеме да ги прочитаме и приказните на мунгосот Рики-тики-тави, белиот морски лав Котик, Тумај-слоноводачот и воената бригада сочинета од камили, мазги, биволи, коњи и слонови, кои ги раскажуваат сопствените воени приказни. „Книга за џунглата“ и денес го буди интересот како на децата, така и на возрасните читатели, затоа што е вистински пример за мајсторски остварено книжевно дело.

Робинзон Крусо:

Морнарот Робинсон Крусо завршува на пуст остров како единствен преживеан по катастрофалниот бродолом. Оставен на милост и немилост на суровата природа и на самотијата, тој го пронаоѓа патот до културата и цивилизацијата.Учи занаети, гради куќа, обработува земјиште и припитомува животни, но сèуште е сам. Сето тоа се менува кога ќе го спаси Петко од човекојадците и заедно ќе го планираат враќањето дома…

 


Во нашата онлајн книжара можете да најдете боенки за деца, сликовници за деца, литература и книжевност за деца, како и останати едукативни забавни игри прилагодени за соодветната возраст кои на децата им помагаат да ги развиваат својата креативност и имагинација.

510 ден