Детски Класици – Сет 15

Допаѓања
на залиха

Кратко инфо:

Сет детски класици: 

– во сетот влегуваат: Бамби, Морските Самовили, Анантурите на Мечокот Меглен, 

Број на страни: 186 + 288+ 84
Димензии: 140х200
Корица: мека
 

Бамби:

Животот на срнчето Бамби почнува среќно. Во шумата има многу пријатели: дружељубивиот Зајак, зборливата Верверица, бучниот Був, како и срните близнаци – болешливиот Гобо и убавата Фалина. Но, доаѓа зимата. Бамби научува дека шумата носи и опасности, но и работи што не ги разбира. Првиот снег ја прави храната тешко достапна… 

Морските Самовили:

Мајра Грифитс, со прекар Патче, е малечко девојче кое живее во една дрвена куќичка на морскиот брег, заедно со татко ù, капетан на едреник, мајка ù и еден стар пензиониран морнар со дрвена нога – капетанот Бил. Патче и капетанот Бил најчесто ги поминуваат деновите на плажите во близина на куќичката или, пак, пловејќи во чамец покрај брегот. Еден ден, Патче посакува да види сирена и, навистина, нејзината желба се исполнува…

Анантурите на Мечокот Меглен:

Кога Мечокот Меглен ќе се насели во Зелената гора, дружељубивиот силеџија предизвикува вистински урнебес, зашто во шумата со години не живееле мечки. И навистина, набргу Меглен има низа препирки со Малата видра Јоцо, Црвената верверица Дрдорка, Синчето на фармерот Симоски, па дури и со една тврдоглава метална кантичка! Вакви и други забавни лудории се чудесно раскажани во оваа интересна сказна.

 


Во нашата онлајн книжара можете да најдете боенки за деца, сликовници за деца, литература и книжевност за деца, како и останати едукативни забавни игри прилагодени за соодветната возраст кои на децата им помагаат да ги развиваат својата креативност и имагинација.

649 ден