Како најдобро да им покажете на вашите деловни клиенти, партнери или соработници дека претставуваат важен дел од вашиот бизнис? 

Се разбира, тоа е преку градење на соработката и придонесување кон нивниот успех – но секако, да не заборавиме дека и подароците играат важна улога, и преку добар подарок  можете да им покажете дека се ценети и почитувани.

A како треба да изгледа идеалниот подарок за вашите деловни партнери и клиенти?

Бизнис подароците пред се треба да имаат одреден стил и елеганција, но и сериозност. Тие треба да бидат  едноставни, практични и квалитетни. Со нив ќе испратите порака на благодарност кон нив  и нема да излезете од границите на професионалноста. На тој начин ќе им покажете дека ги цените и почитувате како личности, како и се` она што го имате постигнато заедно со можност  за успешно продолжување на вашиот деловен однос.

Луксузно пенкало  –  налив перо

Безвременски подарок кој во исто време е и отмен и практичен. Луксузните пенкала и налив перата се многу повеќе од само уште еден канцелариски материјал. Тие симболизираат големи идеи, слобода, изразување, и професионализам – и како такви, се совршени за подарок.

Обратете внимание на квалитетот на овој тип на подароци, бидејќи подарокот мора да зрачи со посебност – а тоа значи да не биде клише, и да не биде најобично пенкало. Бидете суптилни и внимавајте да не претерате со личното брендирање бидејќи не треба тоа наливно перо да се претвори во голема подвижна реклама.

За полн погодок, искомбинирајте го со некоја песонализирана честитка или порака во која со неколку зборови ќе им се заблагодарите за соработката со надеж за успешно продолжување на истата.

Наш Предлог

Во нашата програма имаме огромен број на ексклузивни и класични пенкала и налив пера од германскиот бренд Пеликан кои ги исполнуваат сите овие карактеристики и со сигурност вашиот подарок ќе го издвојат од сите други кои ги добиле вашите клиенти.

Истите можете да ги погледнете со клик на линкот → Пеликан Ексклузивни Пенкала

Нотес

За сите тие големи мисли и идеи да не одлутаат – туку да останат забележани некаде”

Еве ви една предлог идеја која би можеле да ја напишете на честитката со нотесот. 

Практичниот повеќенаменски нотес може да  биде употребен  како потсетник , дневник, календар или за водење евиденција.

Она што е важно е пораката што ја испраќаме кога некому  ќе му подариме нотес и самата симболика што ја има тој.. Нотесите како подарок значат доверба, отвореност, но во исто време и давање приватен простор некому да се изрази, да ги запише своите големи мисли, идеи и сонови – па и да ги оствари 🙂 

Дали ќе биде брендиран или персонализиран , со тврд повез и/или дополнителни додатоци  – тоа оставаме на вас. Имајте на ум дека исто како и со луксузните пенкала, нотесите треба да бидат уникатни.

Смарт тетратка

Дали е гаџет? Дали е тетратка или нотес? И двете.

Дали има некој во бизнис светот што не го интересира нова технологија која нуди практичност? Нема.

Смарт тетратките (познати и како паметни или смарт нотеси, smart notebooks) се добар подарок за сите кои водат бизниси и кои се цело време во движење. Зошто? Тие нудат практичност во пренесување на информации – можете буквално “да им нацртате” насоки и да објасните тоа што го мислите и сакате, и потоа истото да го испратите таму каде што треба. Нема потреба од отворање на лаптоп и долги телефонски или видео повици.

Со ваков подарок , на вашите деловни соработници им кажувате дека се грижите за нивниот успех, дека сте тука да им помогнете, и секако – дека сте во тек со сите технолошки новитети кои можат да го подобрат секојдневното работење.

Наш Предлог

Во нашиот широк асортиман на смарт тетратки од брендот Lipa Mill, можете да најдете смарт тетратки со разни дизајни за секоја пригода.

Истите можете да ги погледнете со клик на линкот → Паметни тетратки

Книга

Книгите се секогаш добар подарок: траат долго, служат за инспирација и мотивација, за развивање на креативноста и учење, и секако – книги со кои интеракцијата ќе биде повеќе од читање, како боенки за возрасни, планери.

Со подарување на книга, на вашиот клиент или деловен соработник му покажувате дека се грижите за нивниот професионален и личен развој – и во исто време дека ги познавате (ако го „погодите“ жанрот на книгата ако е роман, или го знаете нивниот омилен писател).

Наш Предлог

Нудиме разни книги: од боенки за возрасни кои се совршени за релаксација и забава, до планери, бележници, и дневници – за секого по нешто 🙂

Истите можете да ги погледнете со клик на линкот → Книги за подарок

Кошница со продукти

Подарок  од кој никој не останува рамнодушен, кој покажува грижа на едно подлабоко ниво, и секако – подарок  кој може да се сподели.

Секако дека со вашите деловни партнери односот треба да го задржите на едно професионално ниво, но тоа не значи дека не треба да покажете почит и грижа за оние  што им се блиски. А со ваков подарок, ги правите и двете.

Можностите ви се скоро неограничени – можете да искомбинирате пенкало, нотес, и книга, храна – неколку деликатеси  со убаво бело или црвено вино, продукти за лична нега – изборот е ваш. Важно е само да имате на ум дека ваквиот подарок  мора добро да го смислите и искомбинирате.

За крај

Дали подарокот ќе биде мал или голем, ќе биде практичен или ќе носи подлабока порака и значење, важно е истиот да го одберете да биде „фит“ за личноста за која што е наменет.

*Сите права се задржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот