fbpx

Запознајте се со вашите нови СМАРТ ТЕТРАТКИ

Запознајте се со вашите нови СМАРТ ТЕТРАТКИ

Lipa Mill во соработка со Графотекс на пазарот воведува нови иновативни СМАРТ ТЕТРАТКИ со мобилна апликација SmartLines која е спeцијално изработена за на учениците да им помогне да се прилагодат на новиот начин на учење на далечина и да го направат попродуктивен.

Оваа апликација функционира само со посебните смарт маркери кои ги има единствено на тетратките на Lipa Mill.

Поради често отсуство од наставата поради здравстени проблеми или приватни обрски (спорт, патување, изолација) учениците во своите тетратки треба да ја препишат содржината која што се учела дента на училиште. Поголемиот дел од сликите кои што им ги праќаат соучениците тешко може да се прочитаат, а и се несоодветни за печатење заради големата потрошувачка на тонер со што учениците имаат голем проблем да го прочитаат и препишат напишаното и губат многу време.

SmartLines апликацијата автоматски ја сече, чисти и оптимизира сликата со потребниот контраст и светлина за да се добие лесна читливост и прегледност на напишаното, а дополнително заштедува дури 98% од потрошувачката на тонерот доколку сакате да го испринтате сликаното. Сето ова заедно го олеснува учењето и го прави попродуктивно.

 

Главни Карактеристики на Smart Lines:

  1. Дигитализирање и брза прегледност на вашите забелешки, цртежи, рецепти и слично
  2. Автоматско сечење, чистење и оптимизирање сликата со потребниот контраст и светлина за да се добие лесна читливост и прегледност на напишаното
  3. Организирање на напишаното по предмети ( пр. математика, хемија, англиски и слично.)
  4. Брзо и лесно споделување на напишаното со пријателите кои што биле отсутни поради здравствени проблеми или приватни обврски (тренинг, патување, изолација и слично). Споделувањето е можно преку сите добро познати мобилни апликации како Viber, Facebook, Instagram, Whatsapp, One Drive, Google Drive, Dropbox, e-mail…
  5. Заштеда на тонер при печатење на сликите дури до 98%.
  6. Чување на цела тетратка на крајот на школската година за помалиот брат или сестра.
  7. Споделување забелешки со својот тим на cloud платформите како Google Drive, Dropbox, Trello, Evernote, Onedrive, Onenote, Slack и Google Photos.

Употреба на апликацијата:

  1. Симнете и стартувајте ја апликацијата SmartLines од Google Play или App Store
  2. Позиционирајте ја камерата од апликацијата така што ќе се гледа целата страница со специјалните смарт маркери на ќошевите
  3. Задржете момент за самата апликација автоматски да сликне и да ја обработи сликата
  4. Сочувајте ја сликата во фолдерите кои сте ги направиле (математика, хемија, англиски…) или директно препратете ја на некој
  5. Не ги прикривајте или прецртувајте смарт маркерите

 

ВИДИ ГИ СИТЕ КОЛЕКЦИИ СМАРТ ТЕТРАТКИ ТУКА

СИМНИ ЈА АПЛИКАЦИЈАТА ТУКА

 

Related Posts:

Донаторска хуманитарна акција на Графотекс и Веро за СОС Детско Село

Втора година по ред Графотекс и Веро во заедничка донаторска...

Графотекс на Paperworld во Франфуркт

Графотекс во периодот од 25.01 – 28.01 присуствуваше на најголемиот...

Заштитни Маски KN95 во Графотекс

Заштитни маски KN95 во Графотекс (прочитај повеќе) Графотекс е компанија...