Back To Top Button

Pelikan – Toledo Gold ® (НАЛИВ ПЕРО)

Pelikan – Toledo Gold® – парче уметност направено во шпански стил

(НАЛИВ ПЕРО)

Toledo® серијата на Пеликан е претставува вистинска ексклузива и уникат кога се работи за ексклузивниот прибор за пишување.

Уметноста на правење ексклузивни предмети од дамаскиански челик оди илјадници години наназад. На површината на челикот прво се гравира замислениот патерн. Потоа, слој злато се топи над овој патерн и тој навлегува длабоко во изгравираната површина. Следниот чекор е загревање на предметот на 800°C со што површината на челикот оксидира и поцрнува, додека златото почнува да сјае. Оваа техника преку Арапските земји е дојдена во Шпанија каде е и усовршена до перфекција во градчето Толедо по што ова пенкало го добива и името.

Пеликан за потребите на моделот Toledo ја усвојува оваа техника во далечната 1931 година и од тогаш до денес дизајнот на ова уникатно парче за пишување визуелно воопшто не е променет.

Секое Toledo претставува уникат затоа што гравирањето на мотивот се прави рачно што го прави секое Toledo пенкало приказна сама за себе. Процесот на изработка на ова налив перо се одвива во повеќе фази и е многу тежок поради што годишно од овој модел се прават само неколку примероци.

Доколку поседувате Toledo налив перо вие држите мало парче уметност и историја во вашата рака.

Оваа серија е достапна како модел М700 и М900. Доаѓа со соодветен gift box и гаранција.