Back To Top Button

Детски Читанки – Сет 7

510 ден

Сет читанки за деца: 

во сетот влегуваат: Аги и Ема : нежна приказна за едно вистинско пријателство,  Ловец на глуварчиња

Број на страни: 136 + 140
Димензии: А5 / 140х200
Корица: мека
 
“Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни – читајте им бајки, ако сакате да бидат уште поинтелигентни – читајте им повеќе.”  – Алберт Ајнштајн
 
Детските книги, читанки и сликовниците се забавни и поучни приказни полни со убави илустрации и претставуваат одлична забава и иделана можност за дружба помеѓу децата и родителите. Приказните во овие читанки ќе ја разбудат фантазијата и љубопитноста на секое дете кое со возбуда ќе сака да ги прераскажува повторно и повторно.

Аги и Ема :

Романот „Аги и Ема“ на Игор Коларов е нежна приказна за пријателството помеѓу осаменото деветгодишно момче Аги и необичната старица Ема, и нивниот заеднички бунт против суровиот и отуѓен свет.

Романот „Аги и Ема“ е добитник на наградата на „Пол забавник“ за најдобра детска книга.

Ловец на глуварчиња :

Маша не се плаши од ништо – ниту од мрак, ниту од бура, ниту од глушец, ни змија. Таа има само еден голем страв и никому не кажува за тоа, дури ни на мама. Се плаши дека ќе го заборави тато, кој ја научи како да лови глуварчиња. Најдобриот другар на Маша се вика Јанко и седи во клупата со неа. На почетокот тој беше малку необичен. Беше многу лут и не сакаше со никого да разговара, дури ни со Маша. Со помош на мама Сенка, тетка Драга и една добра учителка, Маша и Јанко ќе ги победат своите стравови и ќе научат многу работи за љубовта и за пријателството.

 

Видете ја нашата понуда од сетови со попуст со клик тука !

Во нашата онлајн книжара можете да најдете боенки за деца, сликовници за деца, литература и книжевност за деца, како и останати едукативни забавни игри прилагодени за соодветната возраст кои на децата им помагаат да ги развиваат својата креативност и имагинација.