Back To Top Button

Детски Класици – Сет 17

740 ден

Сет детски класици: 

– во сетот влегуваат: Пинокио, Волшебникот од Оз, Петар Пан

Број на страни: 128 + 232 + 232
Димензии: 140х200
Корица: мека
 

Пинокио:

Сиромашниот старец Џепето доаѓа на идеја да направи дрвена марионета, кукла која ќе личи на вистинско момче. Така настанува палавиот, непослушен Пинокио, кој, откако ќе избега од дома, доживува секакви незгоди, наивно паѓајќи во замки и едвај спасувајќи глава од секакви опасни ситуации. Сепак, на крајот Пинокио ќе покаже дека умее да биде и вреден, послушен, храбар, грижлив и приврзан.

Волшебникот од Оз:

Следи ја патеката од жолти тули! Дороти мисли дека никогаш нема да се врати дома, откако торнадо ја вовлекува неа и нејзиното кученце Тото и потоа ги исфрла во еден магичен свет. За да стигне дома, Дороти прво мора да го најде волшебникот од Смарагдниот град Оз.По пат ги сретнува Страшилото, Лимениот дрвосечач и Плашливиот лав. Но, Злобната вештерка од Западот има свои планови за девојчето! Дали Дороти ќе успее да се врати дома?

Петар Пан:

Петар Пан е палаво момче кое одбива да порасне.Барајќи ја својата сенка, тој слетува во домот на Дарлингови. Се спријателува со Венди, Џон и Мајкл и ги учи да летаат (со помош на самовилска прашина).Тој и Ѕвончица ги носат децата во земјата Недојдија, каде што среќаваат Индијанци, изгубени момчиња, пирати и лошиот капетан Кука…

 


Во нашата онлајн книжара можете да најдете боенки за деца, сликовници за деца, литература и книжевност за деца, како и останати едукативни забавни игри прилагодени за соодветната возраст кои на децата им помагаат да ги развиваат својата креативност и имагинација.