Детски Читанки – Сет 2

Сет читанки за деца: 

во сетот влегуваат: Шарам Брам, Малата Голема Точка

Број на страни: 96 + 104
Димензии: 140х200
Корица: мека
 
“Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни – читајте им бајки, ако сакате да бидат уште поинтелигентни – читајте им повеќе.”  – Алберт Ајнштајн
 
Детските книги, читанки и сликовниците се забавни и поучни приказни полни со убави илустрации и претставуваат одлична забава и иделана можност за дружба помеѓу децата и родителите. Приказните во овие читанки ќе ја разбудат фантазијата и љубопитноста на секое дете кое со возбуда ќе сака да ги прераскажува повторно и повторно.

Малата Голема Точка :

„На страницата од тетратката за домашни задачи се сретнаа две точки. Не точки од некој сок или од остатоци од чоколадо. Тие повеќе би се нарекле дамки, што ги има по многу тетратки. Разбирливо. Кога се пишува домашна задача, истовремено се пие и се јаде, па – се случува и страницата од тетратката да добие некој свој заслужен дел.

Шарам Барам:

Во оваа збирка мала, Шарам барам што се вика, се збрале триста чуда – цела сала: едно кутро утро, самотно и шутро; ТИ РЕКОВ и МИ РЕЧЕ што се расправаат по цела вечер; видранката видра, што молска и болска; едно ТУКА што сегде се сука; стоногалка везден што талка и нозе си валка; светулка што светни-летни прави; зеленчуци никнати здрави; тешка жега за гуша што стега; зелка што кошули си шие и една в друга ги крие; магла што без ветрот е сè и што ли уште не, што ли уште не…

 

Видете ја нашата понуда од сетови со попуст со клик тука !

Во нашата онлајн книжара можете да најдете боенки за деца, сликовници за деца, литература и книжевност за деца, како и останати едукативни забавни игри прилагодени за соодветната возраст кои на децата им помагаат да ги развиваат својата креативност и имагинација.

475 ден

Shopping Cart
Scroll to Top