Детски Класици – Сет 1

Сет детски класици: 

– во сетот влегуваат: Бамби, Хајди 

Број на страни: 186 + 108
Димензии: 120х200
Корица: мека
 

Бамби:

Животот на срнчето Бамби почнува среќно. Во шумата има многу пријатели: дружељубивиот Зајак, зборливата Верверица, бучниот Був, како и срните близнаци – болешливиот Гобо и убавата Фалина. Но, доаѓа зимата. Бамби научува дека шумата носи и опасности, но и работи што не ги разбира. Првиот снег ја прави храната тешко достапна… 

Хајди:

Хајди е најпознато дело на швајцарската авторка Јохана Шпири. Таа вели дека го напишала за неверојатни четири недели.

Во него се раскажуваат авантурите на младото девојче Хајди, нејзиниот дедо и пријателите. Со нејзината искреност и добродушност таа ги менува животите на сите околу неа: го враќа дедо и помеѓу луѓето, го учи Петар да чита, а и помага и на Клара да оздрави. „Хајди“ е најпознатото книжевно дело произлезено од Швајцарија. Преведено е на речиси сите познати светски јазици и повеќепати е адаптирано за филмскиот екран.

 


Во нашата онлајн книжара можете да најдете боенки за деца, сликовници за деца, литература и книжевност за деца, како и останати едукативни забавни игри прилагодени за соодветната возраст кои на децата им помагаат да ги развиваат својата креативност и имагинација.

469 ден

Shopping Cart
Scroll to Top