Back To Top Button

Детски Читанки – Сет 8

590 ден

Сет читанки за деца: 

во сетот влегуваат: Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи,  Ловец на глуварчиња

Број на страни: 128 + 150
Димензии: 140х200
Корица: мека
 
“Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни – читајте им бајки, ако сакате да бидат уште поинтелигентни – читајте им повеќе.”  – Алберт Ајнштајн
 
Детските книги, читанки и сликовниците се забавни и поучни приказни полни со убави илустрации и претставуваат одлична забава и иделана можност за дружба помеѓу децата и родителите. Приказните во овие читанки ќе ја разбудат фантазијата и љубопитноста на секое дете кое со возбуда ќе сака да ги прераскажува повторно и повторно.

Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи :

Оваа приказна не почнува со еден убав сончев ден на ливада, ниту, пак, со викенд на градската плажа. Па, дури ниту со прошетка во продавницата за дрвени играчки. О, не!

Оваа приказна почнува на најсмешен, најчуден и најневеројатен начин, кога Оливер Томпсон Мекензи Трети, едно петгодишно дете од Шкотска, одбило да се капе во недела – одлука што длабоко ги вчудовидела и стаписала неговите родители. Оли стоел цврсто на својот став: не прифаќал ниеден компромис и одбивал по секоја цена да ги стави нозете во водата, која, како и обично, мирисала на градина со узреани малини.

Дури кога конечно го прашале зошто не сака да се капи, Оли им раскажал на своите родители за еден настан што вклучува една дружина од петмина, една метла, една Вештерка, една пита од брокули и, како да ви кажам, еден пар смрдливи чорапи.

Малиот Стјуарт :

Малиот Стјуарт не е обичен глушец. Роден во семејство на луѓе, тој живее во Њујорк со неговите родители, постариот брат Џорџ и мачорот Сноубел. Иако е срамежлив и претпазлив, тој е вистински вљубеник во авантурите.

Најголемата авантура на Стјуарт се случува кога неговата најдобра пријателка, прекрасната мала птица по име Маргало, ќе исчезне од нејзиното гнездо. Решава да тргне по неа и по првпат во животот го напушта својот дом. Потрагата е возбудлива, но дали ќе ја најде Маргало?

 

Видете ја нашата понуда од сетови со попуст со клик тука !

Во нашата онлајн книжара можете да најдете боенки за деца, сликовници за деца, литература и книжевност за деца, како и останати едукативни забавни игри прилагодени за соодветната возраст кои на децата им помагаат да ги развиваат својата креативност и имагинација.