Back To Top Button

Детски Класици – Сет 18

559 ден

Сет детски класици: 

– во сетот влегуваат: Доктор Дулитл, Токму такви приказни, Дваесет илјади милји под морето

Број на страни: 144 + 132 + 72
Димензии: 140х200
Корица: мека
 

Доктор Дулитл:

Џон Дулитл е добар и благороден селски лекар кој сака животни – факт што е очигледен поради „златната ришка во езерцето на долниот крај од градината… зајаците во оставата, белите глувци во неговиот клавир, верверицата во плакарот со покривка и ежот во визбата“. Покрај тоа што многу ги сака и решава да ја напушти својата редовна лекарска практика и да стане лекар за животни. Доктор Дулитл умее и нешто што другите лекари не умеат – да разговара со животните!

Токму такви приказни:

Еднаш многу одамна, најмили мои…Вака почнува оваа класична збирка на прекрасни, фантастични приказни за тоа како нештата во светот станале токму такви какви што се.Во оваа книга ќе прочитате приказна за тоа како мрзливата камила си најде грпка и како со неговата голема љубопитност слонот си доби сурла. Ни открива и како настана грлото на китот и зошто секој носорог има набрана кожа и постојано е мошне лошо расположен. Исто така, ќе дознаеме и за итрата мачка што шеташе сама и како настанаа шарите на леопардот.

Дваесет илјади милји под морето:

По еден жесток судир со чудовиштето, професорот Аронакс, Советко и китоловецот Нед Ланд паѓаат во океанот, навидум без никаква шанса за преживување. Но, во тој момент, ги спасува некој! Кој е нивниот спасител? Какви сè авантури ги чекаат нашите јунаци?

 


Во нашата онлајн книжара можете да најдете боенки за деца, сликовници за деца, литература и книжевност за деца, како и останати едукативни забавни игри прилагодени за соодветната возраст кои на децата им помагаат да ги развиваат својата креативност и имагинација.