ПРОДАЖЕН АГЕНТ / КОМЕРЦИЈАЛИСТ – УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА

 

Графотекс заради зголемување на обемот на својата работа има потреба од проширување на својот тим. Објавуваме оглас за вработување на:

ПРОДАЖЕН АГЕНТ / КОМЕРЦИЈАЛИСТ – УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА

На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации. Работното искуство не е пресудно и нема да се смета за предност при носењето на конечната одлука.

 

 

Кандидатот треба да биде комуникативна, динамична и одговорна личност со способност за преземање на иницијативи, а ние ќе му понудиме одлични услови за работа:

  • Постојана поддршка и помош од вработените во Графотекс во периодот потребен за адаптација
  • Сопствено возило за извршување на работните обврски
  • Флексибилно работно време
  • Редовна Плата
  • Одлична работна атмосвера
  • Можност за трајно вработување
  • Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски

Лични карактерискити на кандидатот:

  • Комуникативност, преземање иницијатива, мотивираност, упорност, стрпливост, одговорност
  • Професионален и одговорен пристап кон работата
  • Лојалност
  • Желба за докажување и напредок
  • Способност за самостојна и тимска работа

Опис на работно место:

  • Стекнување на нови клиенти
  • Развивање и одржување на односи со клиенти
  • Продажба на производите од нашиот асортиман
  • Работа на терен и посета на своите клиенти

 

Кажете ни зошто вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV и Мотивациско писмо на info@grafoteks.com.mk со наслов: “за работна позиција ПРОДАЖЕН АГЕНТ / КОМЕРЦИЈАЛИСТ – УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА”, а оние кандидати кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.

 

 

Related Posts:

ВОЗАЧ / МАГАЦИОНЕР

  Графотекс заради зголемување на обемот на својата работа има...