fbpx

Графотекс на Paperworld во Франфуркт

Графотекс во периодот од 25.01 – 28.01 присуствуваше на најголемиот саем за школски и канцелариски материјали во cветот – Paperworld 2020, кој се одржува секој Јануари во Франкфурт, Германија. Саемот традиционално се одржува во најдолемиот егзибициски центар во светот – Frankfurt Messe кој се простира на површина од 367,000 m² хали за изложба и презентација како и дополнителен слободен простор од 96,000 m². …(продолжи со читање)

Овој саем, најголемите светски компании го користат за да ги претстават своите најнови колекции и производи за новата сезона. Нашите партнери Pelikan, Mar Mar – Lipa Mill, S-Cool, OffiShop, Plassy (Disney), Media Range, Retech и оваа година беа дел од (земаа учество на) овој саем и на своите презентациони штандови го претставија се она што ќе биде ново и актелно следната сезона. Графотекс, како нивен официјален увозник и дистрибутер во наредниот период ќе ги донесе и претстави сите овие новитети на пазарот во Македонија. Тие за кратко време ќе бидат достапни и на нашиот веб сајт, а во меѓувреме дел од атмосверата на саемот ќе се обидеме да ви ја доближиме преку сликите кои можете да ги погледнете во нашата галерија.

 

 

 

Related Posts:

Хуманитарна Back to School Акција на Графотекс и Веро !

Графотекс и Веро во голема хуманитарна акција за помагање на...

Корисни Информации за COVID-19 #СедиДома

На овој блог пост ќе можете да ги најдете сите...

Производите на Графотекс во суперпродавницата на Literatura.mk во Сити Мол!

Графотекс присуствуваше на отварањето на најголемата книжарница во Македонија –...