fbpx

Донаторска хуманитарна акција на Графотекс и Веро за СОС Детско Село

Втора година по ред Графотекс и Веро во заедничка донаторска хуманитарна акција за поддршка на образованието на децата од СОС детското село!

По минатогодишната успешна акција , повторно и оваа учебна година Графотекс во соработка со Веро и Џамбо маркетите, со ваша помош донира средства за поддршка на образованието на децата без родителска грижа од СОС Детско село.

За време на акцијата која трае од 15 август до 15 септември, со купување на училишен прибор од нашите брендови – PelikanLipa Mill и S-Cool , Графотекс во ваше име донира по:

  • 1 денар за секоја купена тетратка од брендот Lipa Mill
  • 1 денар за секое купено блокче од брендот S-Cool 
  • 1 денар за секое купено парче школски прибор (дрвени бои, фломастери, водени, темперни бои …итн) од брендовите Pelikan и S-Cool 
  • 10 денари за секој купен школски несесер од брендот S-Cool

 

Собраните средства ќе бидат наменети за на учениците од СОС Детско село да им се овозможат подобри услови за школување и еднакви шанси за образование како на сите деца. Минатата година заеднички успеавме да им помогнеме на над 200 дечиња да имаат непречен процес на образование и затоа ве повикуваме оваа година уште помасовно да се приклучите на оваа акција.

Затоа што секое дете заслужува еднаква шанса за образование! 

 

*Сите права се задржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот

Related Posts:

Хуманитарна Back to School Акција на Графотекс и Веро !

Графотекс и Веро во голема хуманитарна акција за помагање на...

Заштитни Маски KN95 во Графотекс

Заштитни маски KN95 во Графотекс (прочитај повеќе) Графотекс е компанија...

Производите на Графотекс во суперпродавницата на Literatura.mk во Сити Мол!

Графотекс присуствуваше на отварањето на најголемата книжарница во Македонија –...