Графотекс присуствуваше на отварањето на најголемата книжарница во Македонија – Literatura.mk Superstore. Новата суперпродавница која е со површина од 500 м², свечено беше отворена на 20.05.2020.

Kако долгогодишни соработници со Литература, во оваа суперпродавница ќе бидеме застапени со сиот свој училишен асортиман. Застапени се брендовите PelikanМар Мар – Липа МилDisney, како и калкулаторите од брендот Casio.

ЕКСКЛУЗИВНО, Literatura.mk Superstore ќе претставува и изложбен и продажен простор на екслузивната програма и прибор за пишување на Pelikan FWI и Porsche Design.

Во архитектонски модерно дизајнираниот простор покрај богатата понуда на книги за сите генерации, застапени се повеќе содржини: школски прибор канцелариски материјал, дидактички и едукативни и изданија, но и помагала за уметност и дизајн, како и рачни изработки. Посебен акцент е ставен на гифт-програмата. Има производи од добро познатиот бренд „Скрипти“ (нотеси, планери, чаши, маички, картички магнети и друго). Ќе може да се најдат и луксузни подароци и дизајнерски производи за во домот и за во канцеларија.

Ова е седма книжарница на „Литература.мк“, по веќе препознатливите продажни места на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“, Градски трговски центар (ГТЦ) и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на „Широк сокак“ во Битола.

*Сите права се задржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот.