За нас

ГРАФОТЕКС – Вашиот партнер во секојдневното работење

Графотекс ДОО Скопје почнува да работи во 1993 година. Уште од самите почетоци па се до денес ние се обидуваме да ги следиме и разбереме потребите на нашите купувачи и со нашата разновидна понуда секогаш да ги задоволиме нивните барања и потреби. Високиот квалитет и високата професионалност се нашите основни принципи на работа кои не водат до крајната цел – задоволните клиенти, кои пак повеќе од 29 години ни ја укажуваат нивната доверба.

Нашата разновида понуда вклучува секаков вид на канцелариски и школски прибор, тонери, ексклузивни пенкала, гифт програма, компјутерска галантерија, уметнички и промо материјали од најпознатите светски брендови.

Графотекс е увозник и дистрибутер на брендовите: PelikanPorsche DesignⓇ, PelikanFWI, HerlitzMedia Range (Германија) Casio (Јапонија), MarMarLipaMill (Хрватска), NBKVintecBigz (Србија), GPV (Романија), Tekiner Group (Турција), ReTech (Кина), Tony Perotti (Италија), DisneyⓇ (Спрее, Бугарија) чии производи се сметаат за водечки во областа на школските и канцелариските материјали ширум светот.

Графотекс е редовен учесник на различни саеми ширум Европа каде ги прати сите светските трендови и се обидува секоја година да донесе нешто ново и различно на пазарот во Македонија.

Сето ова го издвојува Графотекс како лидер во областа на канцелариските и школските материјали на територијата на Македонија.

Како доказ за својот квалитет и грижа за околината и животната средина веќе години наназад сме горди сопственици на два различни сертификати: ISO9001 (сертификат за квалитет) и ISO14001 (сертификат за заштита на животната средина).

ISO 14001

ISO14001 е интернационален стандард кој ги дефинира параметрите кои се неопходни за еден функционален систем за управување со животна средина.

ISO 9001

ISO9001 е меѓународен стандард кој ги дефинира барања на системот за квалитет, чија примарна цел е задоволството на корисниците.

Официјален увозник и дистрибутер на брендовите

Локација на дирекција

Локација на магацин

Shopping Cart
Scroll to Top