Графотекс на Paperworld во Франфуркт

Графотекс во периодот од 25.01 – 28.01 присуствуваше на најголемиот саем за школски и канцелариски материјали во cветот – Paperworld 2020, кој се одржува секој Јануари во Франкфурт, Германија. Саемот традиционално се одржува во најдолемиот егзибициски центар во светот – Frankfurt Messe кој се простира на површина од 367,000 m² хали за изложба и презентација како и дополнителен слободен простор од 96,000 m².

Овој саем, најголемите светски компании го користат за да ги претстават своите најнови колекции и производи за новата сезона. Нашите партнери Pelikan, Mar Mar – Lipa Mill, S-Cool, OffiShop, Plassy (Disney), Media Range, Retech и оваа година беа дел од (земаа учество на) овој саем и на своите презентациони штандови го претставија се она што ќе биде ново и актелно следната сезона. Графотекс, како нивен официјален увозник и дистрибутер во наредниот период ќе ги донесе и претстави сите овие новитети на пазарот во Македонија. Тие за кратко време ќе бидат достапни и на нашиот веб сајт.

*Сите права се задржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот.

1 thought on “Графотекс на Paperworld во Франфуркт”

Leave a Comment

Your email address will not be published.

Shopping Cart
Scroll to Top