Преку разновидни подароци за клиенти, најдобро можете да им покажете на вашите деловни партнери или соработници дека претставуваат важен дел од вашиот бизнис.

Се разбира дека градењето на соработката и придонесување кон нивниот успех е најзначајно, но да не заборавиме дека и подароците играат важна улога. И преку добар подарок можете да им покажете дека се ценети и почитувани.

A како треба да изгледаат идеалните подароци за клиенти и соработници ?

Вашите подароци за клиенти и соработници пред сè треба да имаат одреден стил и елеганција, но и сериозност. Тие треба да бидат  едноставни, практични и квалитетни. Со нив ќе испратите порака на благодарност кон нив и нема да излезете од границите на професионалноста. Така ќе им покажете дека ги цените и почитувате како личности, како и сè она што го имате постигнато заедно.

Луксузно пенкало  –  налив перо

Безвременски подарок кој во исто време е и отмен и практичен. Луксузните пенкала и налив перата се многу повеќе од само уште еден канцелариски материјал. Тие симболизираат големи идеи, слобода, изразување, и професионализам – и како такви, се совршени за подарок.

Обратете внимание на квалитетот на овој тип на подароци, бидејќи подарокот мора да зрачи со посебност – а тоа значи да не биде клише, и да не биде најобично пенкало. Бидете суптилни и внимавајте да не претерате со личното брендирање бидејќи не треба тоа наливно перо да се претвори во голема подвижна реклама.

За полн погодок, искомбинирајте го со некоја песонализирана честитка или порака во која со неколку зборови ќе им се заблагодарите за соработката со надеж за успешно продолжување на истата.

Наш Предлог

Во нашата програма имаме огромен број на ексклузивни и класични пенкала и налив пера од германскиот бренд Пеликан. Тие ги исполнуваат сите овие карактеристики и со сигурност вашиот подарок ќе го издвојат од сите други кои ги добиле вашите клиенти.

Истите можете да ги погледнете со клик на линкот → Пеликан Ексклузивни Пенкала

Корпоративни Сетови – LuxBox

Сетовите Lux Box претставуваат елегантни и уникатни подароци кои одлично се вклопуваат во категоријата на бизнис подароци. Составени се од 3 компатабилни производи спакувани во луксузна кутија идеална за подарок по кој ќе ве паметат. Прочитајте и зошто:

  • Ексклузивно пенкало Pelikan – подарок кој дава покажува престиж и нуди трајна вредност. Со оглед на елегантниот и модерен изглед на пенкалото бидете сигурни дека клиентот секојдневно ќе го користи и со самото тоа постојано ќе се потсетува на вашето внимание при изборот на овој поклон.
  • Квалитетното црвено вино во овој сет додава софистицираност на вашиот подарок и симболизира прослава на вашата успешна заедничка соработка.
  • Нотесот е перфектен подарок за секој човек. Може да  биде употребен како потсетник, дневник, календар или пак за водење било каква евиденција што го ослеснува секојдневието и планирањето на обврските во напорните работни денови.

Бидете сигурни дека ова е сет со кој не можете да погрешите при изборот.

Нашите корпоративни сетови можете да ги погледнете со клик на овој линк → Сетови за подарок

Нотес

За сите тие големи мисли и идеи да не одлутаат – туку да останат забележани некаде”

Еве ви една предлог идеја која би можеле да ја напишете на честитката со нотесот. 

Она што е важно е пораката што ја испраќаме кога некому ќе му подариме нотес и самата симболика што ја има тој. Нотесите како подарок значат доверба, отвореност, но во исто време и давање приватен простор некому да се изрази, да ги запише своите големи мисли, идеи и сонови – па и да ги оствари. 🙂 

Дали ќе биде брендиран или персонализиран, со тврд повез и/или дополнителни додатоци, оставаме на вас. Имајте на ум дека исто како и со луксузните пенкала, нотесите треба да бидат уникатни.

Книга

Книгите се секогаш добри подароци за клиенти: траат долго, служат за инспирација и мотивација, за развивање на креативноста и учење, и секако – книги со кои интеракцијата ќе биде повеќе од читање, како боенки за возрасни, планери.

Со подарување на книга, на вашиот клиент или деловен соработник му покажувате дека се грижите за нивниот професионален и личен развој – и во исто време дека ги познавате (ако го „погодите“ жанрот на книгата ако е роман, или го знаете нивниот омилен писател).

Наш Предлог

Нудиме разни книги: од боенки за возрасни совршени за релаксација и забава, до планери, бележници, и дневници. За секого по нешто. 🙂

Истите можете да ги погледнете со клик на линкот → Книги за подарок

Кошница со продукти

Подарок од кој никој не останува рамнодушен. Покажува грижа на едно подлабоко ниво, и секако – подарок кој може да се сподели.

Секако дека со вашите деловни партнери односот треба да го задржите на едно професионално ниво, но тоа не значи дека не треба да покажете почит и грижа за оние што им се блиски. А со ваков подарок, ги правите и двете.

Во нашиот асортиман имаме имаме и подароци за најмалите членови во семејството – видете ги со клик тука

Неограничени можности за подароци за клиенти

Можностите ви се скоро неограничени. Можете да искомбинирате пенкало и нотес, книга, храна и убаво бело или црвено вино, продукти за лична нега – изборот е ваш. Важно е само да имате на ум дека ваквиот подарок  мора добро да го смислите и искомбинирате.

Не е важно дали подарокот ќе биде мал или голем, ќе биде практичен или ќе носи подлабока порака и значење. Важно е истиот да го одберете да биде „фит“ за личноста за која што е наменет.

*Сите права се задржани. Забрането е преземање на оваа содржина без претходна согласност од авторот.