Категории
Производители
  • Casio
  • Lipa Mill
  • MAR-MAR
  • Office point germany
  • Pelikan
  • Tony Perotti

Услови на употреба

Добредојдовте на нашиот сајт. Ако продолжите да го разгледувате и да го користите овој сајт, Вие се согласувате да ги почитувате  и се обврзувате со следните условина користење.  Ве молиме прочитајте ги внимателно.


Овој веб-сајт може да содржи линкови до други веб-сајтови (на "поврзани сајтови"),кои не се управувани од страна на Графотекс. www.grafoteks.com.mk нема контрола над поврзани сајтови и не прифаќа одговорност за нив или за било каква загуба или штета која може да произлезе од вашата употреба на нив. Вашата употреба на поврзани сајтови ќе биде предмет на условите на користење и одржување содржани во секој таков сајт.

Политика за приватност

Нашата политика за приватност, коja поставува како ние ќе ги искористиме вашите информации, може да се најде во Политиката за заштита на лични податоци.Со користење на овој веб-сајт, Вие се согласувате на обработката на податоците како што е опишано тамо  и гарантирате дека сите податоци обезбедени од вас се точни.

Услови на продажба

Со самата регистрација како Купувач и креирање на профил или со испраќање на е-порака, воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна може да добиете повратен одговор преку е-пораки. По регистрацијата добивате можност за известувања за промоции, попусти, акции и нови производи. Доколку не сакате да ги добивате овие информативни билтени, Ве молиме да не известите.
Доколку ја употребувате оваа веб страница, одговорни сте за одржување на приватноста на вашето корисничко име и лозинка, како и за ограничен влез во вашиот компјутер и се согласувате да ја превземете одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со вашето корисничко име или лозинка. Продажбата на малолетни лица под 18 годишна возраст не е дозволена без надзор од родител, односно доколку имате под 18 години, можете да ги користите услугите на www.grafoteks.com.mk единствено со придружба на родител или старател, кој ќе одговара за плаќањето со неговата  кредитна картичка.

Сите цени се во денари со вклучен ДДВ. Во цената не е вклучен трошокот за дистрибуција. Tрошоците за дистрибуција ќе бидат прикажани во количката пред чекор за прифаќање на последниот ред и завршување на плаќање.

Плаќањето можете да го направите на два начина:

- Со платежна картичка (MasterCard Worldwide или Visa International) - Во фаза на тестирање
- Преку банка со издавање на профактура

Доколку производот Ви е испорачан оштетен и имате забелешки во поглед на квалитетот на производот Ве молиме да се обратите до производителот и доколку истиот дозволи производот ќе Ви биде вратен.

Доколку не по наша вина сакате да го вратите производот и да Ви се вратат парите, во тој случај од крајниот износ што сте го платиле ќе Ви биде одбиен трошокот за испорака што изнесува 120 денари со вклучен ДДВ, доколку пакетот е до тежина од 10кг и 240 денари со вклучен ДДВ, доколку е потежок од 10кг. Ако сакате да го вратите производот и да Ви се вратат парите, должни сте производот да го чувате неоштетен, неупотребуван, во оригиналното пакување заедно со приложените документи.

Без оглед на тоа од кои причини сакате да го замените или вратите производот, треба претходно да ни доставите писмена изјава во која ќе ја наведете Вашата причина на e-mail адресата: kontaktgrafoteks@gmail.com

Со секоја успешно извршена нарачка и уплата од системот на Графотекс  по електронска пошта ќе добиете електронска фактура која има третман на валидна оригинална фактура. Во случај кога купувањето е извршено од правно лице кое има потреба од испечатена фактура (со печат и потпис), истата ќе може да ја добие во просториите на  Т.Д ГРАФОТЕКС .

Претходно наведените правила се воведени за што поуспешна соработка и комуникација со нашите корисници како и добра интеракција меѓу корисниците.

Благодариме.

Продолжи
Валути
clear-bug-div
ISO
TAG Cloud
This will be shown to users with no Flash or Javascript.
Графотекс на Facebook